НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„И јас сум тука“ – изложба која гласно говори за лицата со попречености

0
By Mirjana on November 3, 2021 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Луна, Христијан, Марија, Ѓорѓи, Севда, Александар, Христина, Светомир, Ива, Калин, Ерато, Никола, Вероника, Данчо, Катерина, Златко, Ивана, Виктор, Верче и Борче се главните херои на изложбата „И јас сум тука“ која својот фокус го насочува кон луѓето со попречености. Изложбата во себе опфаќа дваесет фотопортрети на лица со попречености, меѓу кои лица од различна возраст, различен профил и од различни делови на Македонија. Но, она што сите ги поврзува и обединува во оваа фото-изложба е насмевката која е измамена на нивните лица. Таа насмевка вели – „И јас сум тука“ и повикува на будење. Изложбата е дело на фотографот Тоше Огњанов кој успешно ги „украл“сите насмевки, а надополнета со приказните за животот на овие луѓе раскажани од новинарката Сребра Ѓорѓијевска.

–Многу се радувам што овој проект преку уметноста зборува за овие проблеми, затоа што факт е дека сè повеќе се зборува и сè повеќе проекти има коишто работат со оваа проблематика. Меѓутоа, многу е важно да допреме до децата, до возрасните преку филм, преку театар, преку приказна затоа што сметам дека тоа е најсоодветната форма за да не зборуваме за овие луѓе повеќе со грутка во грлото.“ – вели Сребра Ѓорѓијевска за Нова ТВ.

Фото-изложбата „И јас сум тука“ е дел од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, чиј иницијатор е театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска, со поддршка од Шведскиот институт. Изложбата е дел од Фестивалот за литература и илустрација за деца Литера.

Амбасадорката на Шведска во Македонија, Кристин Форсгрен Бенгтсон, во своето обраќање истакна дека подигнувањето на свеста е особено важно кога станува збор за лицата со интелектуална попреченост и дека нема простор за предрасуди, а од особена важност е едукацијата на оваа тема во училиштата.

„Еднаквоста и еднаквите можности за сите се клучните приоритети и вредности на мојата земја, Шведска. Во нашата работа тука, во Северна Македонија, оваа перспектива на правата на луѓето е многу клучна во сè што работиме. Денес сме навистина горди и среќни што можеме да го поддржиме овој проект којшто е насочен кон подигнување на свеста за правата на луѓето со посебни потреби, кој воедно е дел од проектот децата не се раѓаат со предрасуди  и сметам дека токму подигнувањето на свеста е важен елемент на можноста да се дејствува против предрасудите.“

Отворањето на изложбата „И јас сум тука“ се случи синоќа во Кинотеката на Македонија, каде беше промовирана и истоимената книга со приказните и фотографиите на 20-те лица со попречености кои беа во фокусот на овој проект. Отворањето на изложбата помина со многу емоции на кои никој од присутните не остана рамнодушен.

Марија Поповска

 

изложба слики и јас сум тука..
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.