НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвенковска пред Спано: Ако дома сме поефикасни и поодговорни, пред Европскиот суд ќе имаме се помалку предмети

0
By НОВА ТВ Balaban on November 5, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Судскиот совет презема одредени постапки во правец на поажурно постапување од страна на судиите, а во контекст на членот 6 од Европската конвенција за човекови права. Сите реформи што ги правиме, сите подзаконски акти што ги носиме во Судскиот совет, кои произлегуваат од измените во Законот за судови и Законот за Судски совет, покрај другото, имаат интенција да создадат систем што ќе внимава на судењата да се спроведуваат во разумен рок, без повредување на човековите права и слободи“- посочи претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска пред претседателот на Европоскиот суд за човекови права, Робер Спано, на денешниот состанок на кој присуствуваа министерот за правда и високи преставници од судството и јавното обвинителство.

Во контекст на очекувањето дека се помалку случаи од Северна Македонија ќе завршуваат во Стразбур, претседателката Црвенковска ги нотираше документите преку кои судиите ќе станат поодговорни со обврска да испорачуваат брза и ефикасна правда, а со тоа да придонесат во намалување на предметите во кои ќе бидат повредени човековите права. Таа ги спомена Методологијата за квалитативно оценување на судиите и Методологијата за утврдување сложеност на предмети како суштински документи со чија имплементација ќе се постигне ефикасна работа и реално оценување на судиите.

„Во Законот за судови стои дека под нестручно и несовесно вршење на судиската функција се подразбира незадоволителна стручност или несовесност на судијата што влијае на квалитетот и ажурноста во работењето, и тоа: Ако е донесена одлука од страна на Европскиот суд за човекови права со која е утврдена повреда на правото на правично судење согласно со членот 6 од Европската конвенција за човекови права или е донесена одлука на Врховниот суд на Република Македонија со која е утврдена повреда на правото за судење во разумен рок, како резултат на постапување на судија.

Ова значи дека ние директно ги користиме пресудите од Стразбур при оценување на судиите и со тоа даваме поттик што помалку случаи да одат во Меѓународниот суд преку поажурно постапување на судиите преку почитување на човековите права.“- беше аргументот на Црвенковска пред Спано, во објаснувањето за почитување на праксата и одлуките на судот.

На крајот, таа укажа дека Судскиот совет е огран кој ги почитува и ги спроведува одлуките на Европскиот суд за човекови права. Имало седум случаи во кои судот во Стразбур одлучил дека на судија или на претседател на суд, му биле повредени правата, но Судскиот совет ги повторил постапките за сите случаи и во моментов не постои неизвршена одлука на Европскиот суд од страна на Судскиот совет.

Црвенковска/Спано
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.