НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гошев: Ако економскиот раст го собере фамилијата, народот нема ништо од тоа

0
By Нова ТВ on May 18, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот гувернер на Народната банка на РМ, Петар Гошев во редовното неделно интервју за Радио Слободна Европа говори за состојбите во македонската економија, при што остро ја критикува актуелната власт и тоа и заради заграбување на најголем дел до еконмоскиот раст, за воведувањето на рамниот данок, кој паѓа многу повеќе на товар на средната класа и на сиромашните отколку на богатите и за опасностите од актуелните економски политики на власта.

Во однос на економскиот раст, истовремено и одговарајќи за различните проекции на Народната банка и странците Гошев вели:

Може Македонија да оствари 3 отсто раст, може да оствари и 4 отсто. Потенцијалниот раст на Македонија не е голем. Со прегреана потрошувачка може да се подигне на 5 проценти или 6 проценти, меѓутоа продуктивниот капацитет на економијата е слаб поради ниското техничко технолошко ниво, вкупната организација итн. Но, тоа е споредно прашање. Централното прашање е каде оди тој раст, дали оди кај шака луѓе, кај еден грст луѓе, дали тој раст го собира 1 процент или 2 проценти од домаќинствата во Македонија или тој раст се разлева кај сите граѓани на Република Македонија. Значи, може и 5 отсто да е, ама ако го собере фамилијата на власт, народот нема да види ништо од тоа. Доказ дека ни се случува тоа покажува гини коефициентот, коефициентот на нееднаквост којшто драматично се рашири во Македонија. Тој е над 0,43-0,44 според податоците на ОН, а според тој индикатор, Македонија од 64-65 место, сега е веќе на 78 место. Ако се точни сите овие резултати за коишто зборува актуелната власт, како е можно Македонија да пропаѓа на скалата на развиеност? Како е можно, ако толку добро ни оди, повеќе од 400 илјади граѓани да се иселат од Република Македонија? Власта соопштува дека се намалила невработеноста. Може да се намалила? Ако во последните 10 години се иселиле 400 илјади работоспособни луѓе и ако 100 илјади луѓе вие сте сместиле во јавниот сектор, на грбот на јавните финансии, може да падне стапката на невработеност. Но со тоа вие не сте го зголемиле економскиот потенцијал на земјата и не сте ги решиле социјалните проблеми, напротив, сте ги продлабочиле.

Тој ја критикува одлуката за воведување на рамен данок за кој вели дека е погрешен концепт:

Јас предупредив најсериозно уште кон крајот на 2012 година. Тоа е еден комплетно популистички концепт. Од една страна, тие држат номинално ниски даноци. Се определија за еден лош концепт, рамен данок, којшто драматично ги зголемува економските нееднаквости, којшто овозможува товарот на прибирање на средствата, не да паѓа врз најбогатиот слој на општеството, туку да паѓа врз средниот слој и врз сиромашните, бидејќи тој концепт е таков. Овде продаваат демагогија, имаме ниски даноци, повелете во Македонија, ние се грижиме за стопанството. Од друга страна, ја задолжуваат земјата, но на крајот тоа ќе се преточи во долг или ќе се преточи во зголемување на даноци или ќе се преточи во кратење на социјалните алиментации за сиромашните граѓани на Македонија и можни се тука неколку сценарија ако уште малку продолжи ова темпо. Прво, тие ќе мора да реагираат или некој ќе мора да реагира. Ако тие се на власт ќе се обидат тоа максимално да го одолжуваат. Ако на власт дојде некој друг и мора да реагира како што треба, ќе треба да ги зголеми даноците за да го стесни дефицитот, разликата меѓу она што се прибира од економијата и граѓаните и она што се троши. Друга можност е да мора да се преземат мерки за отпуштање на луѓе од ова безумно ширење на јавната администрација или и тоа и намалување на и онака ниските и бедни плати и намалување на пензиите, прашање со коешто е денеска соочена на пример соседна Србија.

Во однос, пак, на тоа што може да ни се случи ако власта продолжи со популистичките политики во економијата и со зголемената потрошувачка Гошев вели:

Провалијата се продлабочува и тоа е движење во истата насока. Од тоа тие не се откажуваат, меѓутоа ако оваа гарнитура уште остане на власт, таа ќе се обиде да ги одложува овие нужни кратења и усогласувања на страната на потрошувачката затоа што дефинитивно економскиот раст нема да може да го покрие ова што тие го прават на страната на потрошувачката. Другите можности за одложување на вистинскиот ден на соочување со вистината е да посегнат по девизните резерви, да ја отворат спиралата на инфлацијата, преку отворање на спиралата на инфлацијата да се обидат да го обезвреднат долгот, особено домашниот долг, бидејќи странците сè повеќе инсистираат на зголемување на домашниот долг во структурата на вкупниот долг, наспроти екстерниот долг. Значи тие може потоа да прибегнат кон тие сценарија ако останат на власт. Тоа на крајот ќе го редуцира БДП-то изразен во странска валута, во евра или во долари. Ќе се види продлабочено сиромаштијата на Република Македонија во рамките на Европа или во рамките на светот и ќе се види дека ние како граѓани имаме многу помалку пари во комуникацијата со светот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.