НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмалку девет жртви на снежната бура во САД

0
By Нова ТВ on February 10, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку девет луѓе починале поради околности поврзани со снежната бура којашто го зафати североистокот на САД, а без снабдување со електрична енергија според процените изнесени во неделата останале околу 70о илјади домаќинства.

Три лица загинале во сообраќајни несреќи поврзани со лизгави коловози и снегот, двајца мажи колабирале обидувајќи да го исчистат снегот, едно дете и еден помлад маж се задушиле со јаглероден моноксид додека се обидувале да се загреат во автомобил а два постари мажи се загубиле од нивните домови а потоа биле пронајдени смрзнати.

Бурата којашто зафати извонредно широко подрачје кое се протега од Големите езера до Атлантикот донесе врнежи до 90 сантиметри снег на американскиот североисток, соопшти националната метеоролошка агенција. Покрај жртвите во САД, најмалку уште три лица во несреќи предизвикани од невремето загинале во соседната Канада, пренесува макфакс.

Во центарот на бурата се американските области во државите Конектикат и Масачусетс, како и Род Ајсланд.

Покрај во овие области, вонредна ситуација е прогласена и во државите Њујорк и Мејн. Издадено е и предупредување за подигање на бранови и поплави во крајбрежните делови.

Властите во североисточните американски сојузни држави наредија на сите возила, освен оние на вонредните служби, да не излегуваат на патиштата.

Во Портланд и Мејн паднале 73,2 сантиметри снег, најмногу од 1979 година, а кај местото Катиханк во државата Њујорк измерена е брзина на ветрот од 133 километри на часа.

Околу 700 илјади домаќинства во девет сојузни држави се без електрична енергија, поради тоа што влажниот и тежок снег ги урива гранките од дрвјата врз далноводите.

Густиот снег во овој дел од САД, во кој живеат околу 40 милиони население, почна да врне во петокот попладне.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.