Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи вечерва во „Click Plus“ на ТВ21, каде се разговараше за последните политички случувања, истакна дека доколку Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата.
Но не само тоа, тој додаде дека најверојатно ќе го напушти и пратеничкиот мандат.
„Во моментот кога политичкиот субјект на кој припаѓам Алтернатива утре или задутре, се одлучи да го прифати потписот заедно со Левица на списокот, тогаш мојата одлука ќе биде сигурно напуштање на партијата, можам дури и да го вратам пратеничкиот мандат“, рече Реџепи за ТВ21.
Претходно Алтернатива соопшти дека во среда ќе го соопшти ставот за тоа како ќе постапи во врска со иницијативата за гласање доверба на владата, откако вечерва на состанокот на врвните органи на партијата , не се изградил никаков став по ова прашање.