НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оставка, иницијатива за гласање недоверба на Владата, ни едното ни другото- и натаму сите сценарија се подеднакво неизвесни но и можни

0
By Mirjana on November 8, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од намерата ако премиерот Зоран Заев до 14.30 не ја депонира својата оставка во писмена форма, тие во Собрание да достават иницијатива за гласање недоверба на Владата. Часовникот отчукува а со оглед на, засега непроменетата состојба на политичката сцена, и натаму е неизвесно што ќе „отчука“ во 14.30.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашниот настап на ТВ Сител, повтори дека е обезбедено мнозинство кое ќе изгласа недоверба на Владата и повика други пратеници, настрана од 61 за кој вели дека  биле обезбедени, да и се приклучат на иницијативата.

-Отворена е вратата за секој што мисли дека оваа Влада на Заев не е добра, изјави Мицкоски.

Што се однесува до ДУИ, партијата вчера одржа Централен одбор кој резултира со одлука на лидерот Ахмети да му се дадат неприкосновени права сам да носи одлуки во врска со новонастанатата ситуација со оставката на коалициониот партнер Заев и дека со тие овластувања што ги има прво нешто што ќе прави е да разговара со претставници на другите партии со цел да се одржи политичката стабилност.

-Тие разговори се со цел да државата оди напред, на патот кон реформите се разбира во блиска консулатација со нашите стратешки партнери. Земјата е членка на НАТО и има одговорност за овој Сојуз и во тој дух во консултација со партнерите сакаме да им упатиме порака на граѓаните да бидат спокојни затоа што како што секогаш сме знаеле да го зачуваме овој курс на државата да бидеме заштитници на оваа држава, да бидеме сидрото на евроатланските вредности така ќе продолжиме и ќе обезбедиме сигурна иднина на граѓаните, рече Османи говорејќи од позицијата портпарол на ДУИ..

Според него, Ахмети ќе разговара со сите партии освен со деструктивните, дополнувајќи дека сите опции се на маса со сите конструктивни сили во државата.

Од СДСМ викендов , со јавноста општеа само преку соопштенија во кои главниот печат го имаше скептицизмот за можноста опозицијата да обезбеди ново парламентарно мнозинство.

-Деновиве ќе покажат дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, дали Мицкоски има капацитет и одговорност. Информациите кои вчера се појавија во јавноста, дека дел од пратениците кои се потпишале биле злоупотребени, кажува за какви „принципи” станува збор, наведоа Социјал демократите во вчерашното соопштение.

Ако денеска биде поднесена иницијативата, според процедурите, седница на Собранието би требало да се одржи во четврток, или три дена откако иницијативата е поднесена во Собрание.

 

оставка Заев политичка сцена пред терминот од ВМРО-дпмне
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.