Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од петок вакцинација против сезонски грип, скопјани пред врата на ЦЈЗ ги чекаат вакцините

0
By НОВА ТВ Balaban on November 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 10, 2021 12:21

Вакцинација против сезонски грип почнува в петок, изјави за НоваТВ д-р Бесим Зекири, директор на Центарот за јавно здравје – Скопје.

Тој вели дека вакцините се од француски производител и се четиривалентни.

–  Досега е обезбедена набавка на 40.000 дози од бесплатните вакцини за лица со хронични заболувања и други ризични категории. Во Скопје ќе има и 4.000 дози вакцини кои ќе се наплатуваат – вели д-р Зекири и додава дека цената на вакцините за оние кои сакаат да се вакцинираат, а не спаѓаат во категории граѓани на кои бесплатно им следува вакцина, во минатата година изнесувала 800 денари. Колку ќе чини вакцината против грип годинава, сеуште не е прецизирано. 

Освен во скопскиот Центар за јавно здравје, имунизација против грип ќе се  врши и во поликлиниките при Здравствениот дом Скопје и во центрите и во здравствените домови во целата земја.

Досега над 20.000 граѓани се пријавиле за заштита против сезонски грип. Овие граѓани деновиве треба да добијат порака каде и кога треба да се јават за вакцинација.

Д-р Љуљзиме Бајрами, раководителка на одделот за епидемиологија во скопскиот Центар за јавно здравје, вели дека скопјани едвај чекаат вакцините да стасаат и да почнат да се вакцинираат.

– Граѓаните нон-стоп доаѓаат во центарот и прашуваат кога ќе почне вакцинација против грип. Дел од нив дури мислат и дека ги лажеме, дека вакцините стасале, а не почнуваме да ги даваме…Секој којшто е пријавен преку системот „Мој термин“ се очекува да добие вакцина против грип – вели д-р Бајрами.

Директорот Зекири не ја исклучува можноста да бидат набавени уште вакцини против грип, доколку има заинтересираност од граѓаните.

За тоа дали може истовремено да се примат и вакцина против ковид-19 и вакцина против грип, тој вели:

– Очекуваме  насоки од Комитетот за вакцинација, препораката досега беше да се даваат во размак од две недели вакцините против ковид-19 и против грип. Но до петок очекуваме да ги добиеме најновите препораки, додава д-р Зекири.

(Љ.Б.)

 

вакцинација петок почнува Сезонски грип Центар за јавно здравје - Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.