НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна пробивањето на тунелот на експресниот пат Градско – Прилеп

0
By НОВА ТВ Balaban on November 10, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Започна бушењето на тунелот на експресниот пат Градско – Прилеп, а изградбата се очекува да биде завршена за една година. Тунелот е составен од две цевки, во правец кон Прилеп со должина од 139 метри и кон Градско со должина од 159 метри.

Увид на градежните работи за бушење на тунелот кон Прилеп, на делницата Дреново – Фаришка клисура денеска извршија министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми и заменик директорот на ЈП за државни патишта, Благојче Трпевски.

– Сакам да ги информирам сите граѓани од овој регион дека експресниот пат од Градско до Прилеп и на двете делници  се гради со полна пареа. Нема повеќе калкулации. Денеска со директорот на ЈП за државни патишта  се наоѓаме на увид на бушење на тунелот кон  Прилеп, еден од најкаректеристичните објекти на оваа траса.  Овде ќе се изградат две тунелски ленти, едната кон Прилеп со должина од 139 метри и другата кон Градско со должина од 159 метри. Изведувачот е комплетно мобилизиран и на располагање ги има сите потребни ресурси од кадар, работна сила, механизација со опрема и материјали за изведба на тунелите согласно динамиката на изградба, изјави министерот Бочварски.

Тој истакна дека Министерството за транспорт и врски заклучно со октомври има одлична реализација на капиталните инвестиции, што, како што рече, дава оптимизам дека до крајот на годината ќе има висок процент на реализација на капиталните проекти.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, исто така потенцираше дека интензивно се работи на експресниот пат Градско – Дреново, кој е поделен во три делници.

– Ширина на делницата Дреново-Фариш е променлива. Пет километри  се со асфалтна платформа од 12,4 метри што одговараа на експресен пат, а преостанатите повеќе од пет километри се со платформа од 17 метри што одговара на автопат со намалена ширина. На само десет километри растојание во овој појас се градат два тунела, 21 мост, 5 подвозници, 11 потпорни ѕидови, еден кружен тек на локалниот пат со клучка кај Дреново и еден вијадукт, што говори за каков тешко пристапен терен станува збор, изјави Рустеми.

Како што потенцираат од Министерството за транспорт и врски, овој е еден од најзначајните патни правци во државата, каде дневно поминуваат и над 6 илјади возила од сите категории. Со неговата реализација значително треба да се подобри патната инфраструктура на кракот Д на Паневропскиот транспортен коридор 10.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.