НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Судир помеѓу полицијата и толпата

0
By Сашка Цветковска on May 21, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Последниот судир вечерва се случи вечерва пред 10 часот, откако првично полицијата, но и толпата почнаа да се повлекуваат, а се најави патролирање низ Ѓорче Петров. Тогаш поголема толпа се собра пред казиното Сенатор кое беше буквално демолирано.

Толпата влезе во казиното, го вадеше инвентарот и го фрлаше во запалените контејнери на улицата. Полицијата пристигна по околу 30 минути и и овозможи на пожарната да го гасне пожарот. Претходно, пожарната беше спречена од толпата да дојде на локацијата. По кусиот судир помеѓу полицијаците и насобраните, тензијата спласна.

Иако присутни, новинарските екипи со огромни тешкотии ја работеа својата работа, а постојано беа спречувани да снимаат и фотографираат, како од полицијата така и од самите граѓани.

Во моментов во Ѓорче Петров толпата е разбиена, а полиција во огромен број останува да го одржува редот.

Во вечерашните протести во скопската општина Ѓорче Петров организирани по убиството на 18-годишниот Ангел Петковски, приведени се 27 лица, од кои 16 во полициската станица во Кисела Вода, а 11 во полициската станица во Карпош. По документирањето на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Според полицијата, протестите поминале без посериозни инциденти и поголеми нарушувања на јавниот ред и мир.

За време на протестите во неколку наврати биле фрлани камења и метални предмети кон полицијата, поради што се повредени неколку полицајци и оштетени неколку полициски возила, но билансот ќе се знае откако полициските службеници ќе се вратат од терен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.