НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува посетата на Азески на компании од источниот регион

0
By НОВА ТВ on November 11, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска (11.11.2021 година) претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, во придружба на потпретседателите на Комората, Глигор Цветанов и д-р Елена Милевска-Штрбевска, ќе оствари работни средби во Виница и во Штип со компании од источниот регион, активни долгогодишни членки на Комората, кои се меѓу најуспешните компании од овој регион според годишниот промет и според приходите („Макпрогрес“ – Виница, „Амфенол технолоџи Македонија“ – Кочани, „Винербергер“ – Виница, Рудниците „Саса“ и „Бучим“, „Мебел ви“ – Виница, „Европа 92“ – Кочани, „Мода“ – Свети Николе, „Оаза“ – Штип, „Албатрос“, „Вабо“, „Кит го“ и „Зендолино“ – Штип и други).

На средбите ќе се разговара за тековните прашања и предизвици со кои се соочуваат компаниите од овој регион, за енергетската ситуација во земјава и за можностите за справување со недостигот на електрична енергија на домашниот пазар во наредниот период, како и за прашањата поврзани со владеењето на правото и на правната држава.

Стопанската комора на Северна Македонија во континуитет ги следи потребите на своите компании членки и презема конкретни решенија за соочување со големиот број предизвици. Во контекст на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок, на средбите ќе се разговара за подигнување на свеста кај деловните субјекти за можноста споровите да се решаваат со арбитража, наместо преку суд, низ долгите и неефикасни судски постапки.

Доста се жалевме на тешкиот пат до правдата. Време е да почнеме да ги користиме алтернативните алатки за решавање на споровите и што почесто во трговските договори да ја користиме препорачаната арбитражна клаузула на Постојаниот избран суд – Арбитража, која функционира како независна институција при Комората, за да дојдеме на полесен начин до правдата, со брза и со ефикасна постапка. Да ги промениме пристапот и начинот на размислување, да бидеме проактивни и да ја развиваме арбитражната култура и свест и кај нас!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.