НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОРМ: Нов модел за вработување лица со попреченост нема да ја подобри нивната инклузија

0
By НОВА ТВ on November 11, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нов модел за вработување на лица со попреченост нема да ја подобри нивната инклузија, туку само ќе ги зголеми давачките, оценија Организацијата на работодававачи на Македонија (ОРМ) и Заедницата на заштитни друштва (ЗАПОВИМ) на денешниот состанок, во рамки на проектот „Деловен појадок“.

Тие сметаат дека Законот за вработување на инвалидни лица во пракса носи и повеќе од очекуваните придобивки во областа на вработувањето на лица со попреченост, како од економски, така и од социјален аспект.

-Пред да се размислува за воведување нов модел за вработување на лица со попреченост неопходно е институциите да направат сериозни и длабински анализи за тоа колку лица и со каков вид попреченост има во земјата, колку од нив се веќе подготвени низ формалниот процес на образование пред да се вклучат на пазарот на трудот, а колку треба да поминат низ стручна рехабилитација и поддршка за да стекнат соодветни вештини кои ќе им овозможат вклучување во работниот процес, велат од ОРМ и ЗАПОВИМ.

Тие сметаат дека се неопходни и промени кои ќе обезбедат соодветен пристап на овие лица во образовниот систем со што тие би биле поподготвени за вклучување на пазарот на трудот, како последна фаза во процесот на нивната рехабилитација.

Според нив, воведувањето нов модел без да се исполнат овие неопходни предуслови нема да ја зголеми инклузијата на лицата со попреченост во економијата, туку само ќе предизвика нарушување на постојниот систем за нивно вработување во заштитни друштва и ќе наметне дополнителен финансиски товар за целиот бизнис.

-Во моментов на пазарот на трудот нема доволен број лица со попреченост кои би се ангажирале од страна на работодавците. Но, и покрај ваквата фактичка состојба се предлага нов Закон за вработување на инвалидни лица кој предвидува воведување задолжителна квота за вработување на лица со попреченост во сите приватни компании со над 20 вработени во земјата или во спротивно ќе мора да се плати соодветен надомест на државата. Сметаме дека на ваков начин работодавците од приватниот сектор ќе бидат ставени во ситуација да плаќаат поради тоа што на евиденција на невработени лица во Агенцијата за вработување нема доволно лица со попреченост, вели претседателката на ОРМ, Владанка Трајкоска.

Членките на ОРМ и Заедницата на заштитни друштва – ЗАПОВИМ, како колективна членка, оценуваат дека воведувањето на оваа нова давачка е непотребно и крајно нелогично, затоа што, преку придонесот за вработување, компаниите веќе одвојуваат средства во Посебниот фонд за поддршка на вработувањето на лицата со попреченост кај сите работодавци, како и во заштитните друштва.

-Со воведувањето на новиот модел станува неизвесна и судбината на овие друштва кои вработуваат повеќе од 5700 вработени, од кои над 2500 се лица со попреченост, а кои во изминатиот временски период покажаа дека можат успешно да функционираат и затоа треба да продолжат со својот развој, а не да бидат сведени на социјални претпријатија или на реха-центри, велат во соопштение од ОРМ и ЗАПОВИМ.

Тие сметаат и дека постојниот Закон за вработување на инвалидни лица ја дава можноста работодавачите да вработуваат лица со попреченост во приватниот сектор, во јавни претпријатија, установи, агенции, фондови и останати субјекти, како и да се самовработуваат.

-Она што недостига е поттикнување на вработувањето на овие лица со соодветни политики и активни мерки, како и искористување на постојните решенија во законот – за адаптација на работното место, работно оспособување, ангажирање на работен асистент и други решенија кои не се искористени во доволна мерка, оценуваат организациите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.