НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Копач: Цената на струјата ќе расте, потребни се инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

0
By Ivana on November 11, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цената на електричната енергија секако ќе расте, истакна директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач по средбата во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и препорача земјава повеќе да инвестира во обновливите извори на енергија (ОИЕ) и во зголемувањето на енергетската ефикасност (ЕЕ).

На средбата, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, разговарале за случувањата во електроенергетскиот сектор и го информирале Копач за последните случувања на пазарот на електрична енергија и мерките што се преземени од останатите државни органи.

Во изјава за медиумите, Копач посочи дека кризата со електричната енергија е на глобално ниво и дека во една ваква ситуација најлесно е да се преживее со домашното производство на електрична енергија.

– Тоа на некој начин го амортизира ударот, но во Северна Македонија нема доволно производство на електрична енергија и поради тоа многу зависи од увозот. Не може да најдеме решение преку ноќ, треба да има повеќе инвестиции во обновливи извори на енергија, преку нови електрани на ветер, на сонце, хидроелектраната Чебрен, … само тоа може да се помогне во совладувањето на енергетската криза, изјави Копач и додаде дека сето тоа ќе се одрази на поскапување на цената на електрична енергија.

Сакале или не, рече Копач, ќе дојде до поскапување на  струјата, бидејќи увозот е многу скап.

-Затоа најважно е да се дефинираат ранливите категории и да им се пружи помош за да може нормално да си ги платат сметките, порача Копач.

Како што нагласи во сите земји од поранешна СФРЈ, со исклучок на Словенија и Хрватска, се држат ниски цените на струјата за домаќинствата.

– Во социјалистичките земји од бивша Југославија, освен Хрватска и Словенија, сите други држат ниски цени на струјата за домаќинства, бидејќи се третира како социјално добро, но тоа е пазарно добро. Политичарите се плашат од зголемување на цената, но поради ниската цена на електрична енергија премногу се троши и плус нема пари за инвестиции во секторот.  Цел Балкан ќе има дефицит на струја. Тоа ќе биде голем проблем за сите, нагласи Копач.

Посочи дека во земјава, како и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина воопшто не е вложувано во енергетскиот сектор во последните 20 години и дека ќе требаат десетина години за да се подобри состојбата.

– Јас би отишол со голема брзина во голема инвестиција на обновливи извори, тоа е приватен капитал, цените на пазарот се добри, не треба да им се дадат субвенции, само треба МЕПСО да го овозможи приклучувањето и тоа ќе даде нови капацитети. Обновливите извори на енергија се проблематични, треба да се балансираат, треба да го има и Чебрен…. На Северна Македонија и треба и енергетска ефикасност. Многу трошите, зградите се енергетски неефикасни. Трошите струја за греење, а треба  да имате централно греење на биомаса или на гас кое во комбинација со обновлива изворна енергија ќе овозможи долгорочна нормална ситуација, рече Копач.

Очекува дека ситуацијата ќе се подобри веќе следната година, некаде април-мај, но до тогаш, како што посочи, цената на струјата ќе остане.

Препорача јавните институции да штедат и да одржуваат пониска температура во просториите, да се гаси светлото итн.

-Тие се мали мерки, но секогаш се добри. Можеби тоа веќе се случува. Кампањите за штедење на електрична енергија се секогаш добри, но рестрикциите се само за во најголема криза. Рестрикција е нешто што е шок за нормален живот, а кампањата и доброто однесување се секогаш добредојдени, потенцира Копач.

Негова оценка е дека Северна Македонија како држава членка на Енергетската заедница има напредок во реформите на енергетскиот пазар.

-Чекаме промени во Законот за енергетика за некои додатни работи. Ако тоа го споредиме со останатите земји, Северна Македонија, Црна Гора и Србија на подрачјето на електрична енергија се најнапредни во оваа област, нагласи Копач.

Прашан дали земјава сама се доведе до оваа ситуација да биде зависна од увоз на струја, рече дека причина за тоа е што не се инвестирало доволно во енергетскиот сектор.

-Можеби можеше да биде многу подобро, но мора да се инвестирало во последните 10 години, но не се инвестираше. Практично освен една инвестиција во фотоволтаици и сега тендер во Осломеј немаше нови инвестиции во енергетиката, прецизира Копач.

Претседателот на РКЕ Бислимовски посочи дека и во моментов се водат повеќе јавни кампањи за штедење на електрична енергија кои ги прават компании што вршат енергетска дејност.

Прашан за колку ќе се зголеми цената на струјата по 1 јануари, претседателот на РКЕ рече дека прво треба да се распишат три тендери – за набавка на загуби од МЕПСО и ЕВН дистрибуција, како и за набавка на енергија за потребите на малите потрошувачи и домаќинствата од ЕВН хоум.

-За овој тендер, најмалку 60 отсто треба да обезбеди ЕСМ, ќе видиме колку и по која цена и дали ќе има потреба од увоз за електрична енергија. Нека завршат па ќе информираме, посочи Бислимоски и потсети дека од 2019 година РКЕ веќе не ја определува цената по која ЕСМ ја продава електричната енергија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.