Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тензична и напната атмосфера во Собранието – Мицкоски го нема најавеното мнозинство

0
By НОВА ТВ on November 11, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 11, 2021 21:30

И по 10 часа, сè уште атмосферата во Собранието е напната. Неизвесноста и натаму владее околу тоа дали воопшто ќе има кворум за пленарната седница на која една точка е на дневен ред – гласање доверба на Влада. Во Собранието опозициските пратеници не успеаја ниту да го изгласаат дневниот ред, бидејќи нема кворум.

Причина за ова е отсуството на пратеникот од редовите на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, а со ова падна и најавеното мнозинство на опозицијата. Собранискиот спикер, Талат Џафери стана од столчето и пред да почне седницата го повика потпретседателот на Собранието Фадиљ Зендели од Беса да ја води седницата.

– 10 минути пауза додека дојде потпретседателот. Имајќи предвид дека јас не сум поддржувач на иницијативата и нема да бидам 61-от тука, рече Џафери.

Лидерот на БЕСА, Биљал Касами пријави во полиција дека пратеникот Реџепи е исчезнат. А, по извесно време самиот пратеник се јави на социјалната мрежа „Фејсбук“. Реџепи преку видео обраќање порача дека е на безбедно.

Оваа информација го затекна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го најавуваше новото мнозинство кое ќе ја урне Владата. Според него, ова е трговија со пратеници и ќе размисли дали воопшто да се занимава со политика.

– Ако се потврди уште еднаш трговијата со пратеници, тогаш се поставува прашањето дали воопшто вреди човек да се занимава со политика во оваа наша Македонија, додека оваа власт предводена од Зоран Заев постои. Ова е срам, и ако се потврди тоа дека е држен надвор од своја волја и дека некаде се наоѓа, тогаш навистина тоа предизвикува едно силно чувство на гадење, рече Мицкоски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, пак рече дека на Реџепи единствено притисок му правела опозицијата, а не власта. Тој кажа дека владиното мнозинство е стабилно, но и дека ќе расте.

– Имам обратни информации од она што го споделува опозицијата, а тоа значи дека притисоците кон него, се токму од нив. Очекувам Кастриот Реџепи во следниот период да излезе и токму да каже што е она што му се случувало. Знам дека тој е пратеник кој е за европскиот пат и за европската иднина на државата, рече Митрески.

Иако очекувањата на опозицијата беа дека иницијативата за доверба на Владата денеска ќе помине во Собранието, а најавеното мнозинство нема да биде нарушено, за тоа во скафандери дојдоа пратениците на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски и Ангелика Петковска, кои и двајцата се позитивни на корона вирусот. Мицевски кусо прокоментира пред почетокот на закажаната седниаца.

– Следиме протокол, согласно протоколот на Комисијата за заразни болести, истото е случено еднаш и продолжуваме понатаму, рече во одење Мицевски.

Во меѓувреме, Мицевски и Петковска го напуштија Собранието и најавија дека повторно ќе се вратат, бидејќи протоколите наложуваат дека не треба повеќе часа да се носи скафандер.

Ако до полноќ не се изгласа недоверба на Владата, седницата се смета дека е завршена. Владата останува, а после дури за 90 дена ќе може да се испитува довербата на Владата. Ова го предвидува деловниот во случај доколку не се изгласа недоверба на Владата. Во овој случај, дневниот ред, барем засега, не е ниту утврден, што е најава за различни толкувања околу тоа кога опозицијата ќе има опција повторно да поднесе иницијатива за доверба на Владата.

С. И.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.