НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнуваат обуките за шестмесечните програми на Клубот на менаџери

0
By НОВА ТВ on November 12, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заради ефикасно остварување на специфичните интереси на приватниот сектор во насока на унапредување на компетенциите и вештините на високообразовните кадри во согласност со потребите на бизнисот, во Стопанската комора на Северна Македонија од неодамна функционира Совет за унапредување на високото образование. Овој Совет има три приоритетни цели кои се состојат во развивање и унапредување на три програми:

· Клуб на менаџери- претприемништво и лидерство- со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа на бизнис-лидери (почеток на предавањата е од 9 декември 2021 година),

· Развој на мали и средни бизниси и старт ап бизниси- со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Модул за развој на мали и средни бизниси како и Модул за развој на старт ап бизниси (почеток на Модулот за мали и средни бизниси на 9 декември 2021 година) и

· Институт за извоз- со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа за продуцирање кадри за зголемување на извозот, со крајна цел формирање Институт за извоз (активностите за Изработка на студија за извоз и Платформа за извоз почнуваат во јануари 2022 година додека со Модулот за зголемување на вештините за извоз се започнува од 1 Ноември 2022 година).

Ги покануваме сите заинтересирани претставници на среден менаџмент од големите и средно големите компании да бидат слушатели на Првата 6 месечна Програма во рамките на Клубот на менаџери- претприемништво и лидерство која започнува на 9 декември 2021 година, а која е планирано да заврши на крајот на месец мај 2022 година. Програмата содржи 7 Модули со 60 теми а предавачи се 50-тина реномирани претставници од бизнис секторот, академската и научна фела со акцент на пренесување на практични искуства.

Втората програма насловена Развој на мали и средни бизниси се фокусира кон претставниците од Виш менаџмент на малите и средни бизниси. Програмата опфаќа 8 модули со 50 теми, кои ќе бидат презентирани од страна на повеќе од 30-тина истакнати предавачи од бизнис секторот, академската и научна фела. Динамиката на реализација започнува на 9 декември 2021 година и се очекува да заврши на почетокот на јуни 2022 година.

Кај двете Програми предавањата ќе имаат на почетокот краток теоретски вовед на секоја подтема, потоа следат практични примери, искуства и менторски пристап од страна на предавачите, а секој модул се базира на голема интерактивност и вежби по најнови европски и светски трендови. Секој Модул трае по 9 часа од кои последните 2 часа се наменети за дискусија и прашања.

Повеќе детали околу начинот на пријавување и запознавање со предавачите и темите, можете да најдете на интернет страната на Стопанската комора на Северна Македонија: www.mchamber.mk Информации за Програмата и Пријавата за учество на Програмата на Клубот на менаџери- претприемништво и лидери. Информации за Програмата и Пријавата за учество на Програмата на за развој на мали и средни бизниси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.