Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска од СДСМ: Потребна ни е стабилност а не брзи избори

0
By Mirjana on November 12, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: civilmedia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 12, 2021 20:50
Опозицијата згреши заради тоа што седми пат му веруваше на Христијан Мицкоски, на набилданите изјави дека само што го нема 62, 63 пратеници и очигледна е неговата неинформираност или незнаење на математиката, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петрова во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, соопштија од СДСМ.
Таа додаде дека опозицијата се чувствуваат разочарани од сопствениот лидер затоа што не знае и не држи до тоа што го кажал дека обезбедил парламентарно мнозинство.
Не можете да обвините никој, ниту дека е киднапиран, ниту дека МВР или било која друга институција не се грижи за пратениците, односно доколку нивната безбедност е загрозена да се инпутираат секакви зборови, да се протолкува поинаку она што е очигледно, она што колегата Кастриот Реџепи го изјави во неговото видео, нагласи Петровска информираат со соопштение од СДСМ.
Таа запраша дали после се ова лидерот на опозицијата чувствува морална одговорност или срам и да му се извини на пратеникот Кастриот Реџепи кој што го нарече современиот Амди Бајрам, нека му е лесна земја.
Таква морбидна изјава од лидер на политичка партија не е дозволиво, насочено е кон пратеник, претставник на граѓаните, претставник во законодавниот дом, нагласи Петровска.
Пратеникот Кастриот Реџепи самиот најави дека во понеделник ќе објасни дали имал закани од кого ги имал тие закани или ја сфатил намерата на ВМРО – ДПМНЕ дека не знаат каде одат. Единствена намера им  била да го срушат, како што тие  велат хибридниот режим на Заев, притоа неопоравени од режимот во кој што тие владееја 11 години и згора на тоа тие не даваа одговор каде ќе оди понатаму државата, рече Петровска, додавајќи дека на секое прашање за тоа што понатаму, што ќе се случува во државата тие велеа ќе видиме.
Таа нагласи дека е дискутабилен и документот, односно иницијативата за гласање доверба  којашто беше потпишана од 61 пратеник, соопштија од СДСМ.
Не беше прв Кастриот Реџепи што се предомисли, односно рече дека биле излажани и други пратеници реагираа на обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ги изманипулира, и тоа пратеници од кои подоцна очекува поддршка за влада, замислете какво е тоа непринципиелно однесување кон своите колеги, ги доведувате во замка, не им ја кажувате вистината, што се крие зад нивниот потпис, а после обвинувате други за закани и уцени, истакна Петровска, додавајќи дека ја разбира разочараноста на колегите од опозицијата од нивниот лидер, кој нема план и програма што со оваа држава.
Пратеничката Петровска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ неуко ги меша резултатите од локалните избори, со резултатите од парламентарните избори.
Легитимитет на Владата која е извршен орган како и на Собранието кој е законодавен орган не се добива на локални избори, се добива на парламентарни, минатата година, 2020, имавме предвремени парламентарни избори врз основа на кои изборни резултати беше формирана сегашната политичка Влада предводена од СДСМ, порача Петровска.
Таа нагласи дека СДСМ како парламентарно мнозинство и Влада е отворена за сите политички субјекти, кои ги делат истите идеали во делот на НАТО и ЕУ интеграцијата на државата.
Со оглед на изјавите кои и денеска и изминативе денови беа давани и пред гласањето, односно денот на гласање за недоверба на Владата, а кои ги даваа претседатели на политички партии во парламентот, мислам дека имаме сериозни шанси за тоа. односно платформа на која што заедно можеме да се обединиме, рече Петровска, додавајќи дека не смее да се дозволи, политички кризи инспирирани од лични побуди да влијаат на стабилноста на државата и равојот.
Во врска со барањето на опозицијата за предвремени избори, пратеничката Петровска истакна дека не е јасно како опозицијата планира да има предвремени парламентарни избори ако немаат 61 пратеник за недоверба на Влада.
Ние сметаме дека државата треба да се стабилизира и да се врати назад во тек со сите економски и светски збиднувања. Заради тоа што знаете дека секогаш кога има било каков изборен циклус во државата настанува еден период на затишје во економијата и поприлично тоа внесува дополнително некоја нервоза или нетрпеливост кај стопанските субјекти кои работат и заработуваат од тоа и се дел од ова наше општество, стабилизација на државата е она што е клучно за нас и затоа не мислиме дека треба да имаме предвремени парламентарни избори, особено не што и минатата година одржавме едни предвремени парламентарни избори,смета Петровска.
Канал 5тв Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.