НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како Внатрешна контрола успеа да испраша 34 полицајци за 4 часа

1
By Нова ТВ on May 22, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Воодушевени од изненадувачки брзата реакција на Секторот за Внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи, а по сугестија на корисници на социјалните мрежи, НОВА се обиде да пресмета како изгледало испрашувањето на 34 припадници на специјалните единици на полицијата од страна на одговорните во Внатрешна контрола. За таа цел ви доставуваме хронологија на настаните.

14:30, 21.05.2014

Новинарките Сашка Цветковска од НОВА, Мери Јордановска од ФОКУС и Марија Митевска од Радио Слободна Европа влегуваат во просториите на Секторот за внатрешна контрола при МВР со цел да пријават насилно бришење и притисок за бришење на видео и фото материјали од страна на припадници на полицијата во вторникот навечер за време на немирите во Ѓорче Петров, како и одбивање од страна на полицијајците да се легитимираат.

14:40 – 15:00

Новинарките разговараат усмено со двајца службеници. По разговорот се прашани дали сакаат да поднесат усмена преставка на лице место или писмена. Новинарките одговораат дека ќе поднесат веднаш усмена преставка.

15:00 – 15:50

Еден од службениците почнува да ја куца пријавата, односно да ги внесува изјавите на новинарките. Другиот службеник подоцна ги проверува, по што пријавата се печати и сите се потпишуваат на истата. Службеникот информира дека Секторот за внатрешна контрола работи секој ден од 08 до 16 часот, време во кое можат да донесат дополнителни докази доколку имаат. Службеникот, исто така, не информира дека за исходот од преставката ќе дознаеме по пошта на домашна адреса. Додава дека истрагата може да трае и до еден месец.

15:39 22.05.2014

Пристигнува елеконтронска пошта од МВР со која се известува за исходот од истрагата на Секторот за внатрешна контрола во која се вели дека се испрашани вкупно 34 полицајци и дека нема докази за такви случувања

По сугестија на активисти на социјалните мрежи, НОВА го провери ворд документот кој беше испратен од страна на полицијата. Кога отворивме во секцијата properties, а потоа и во general, откривме дека документот е креиран во 12:50 денеска од страна на Ivo Lj Kotevski. Во 13:50 e модифициран, исто така, од страна на Ivo Lj Kotevski.

Направивме пресметка, во случај да се почитувало работното време на Секторот за внатрешна контрола, за да видиме со која брзина се испрашани 34 полицајци. Еве го нашето претпоставено сценарио.

08:00

Секторот за внатрешна контрола отвора и веднаш се фрла на работа. 34 полицајци се наредени во ред и чекаат да бидат испрашани. Под услов истите да биле лоцирани и повикани претходниот ден, но под услов Секторот за внатрешна контрола да работел прекувремено или пак, во оние луфта 10 минути до крајот на работното време кога новинарите си заминаа да успеале да го организираат ова групно земање искази.

08:00 – 12:00

Службениците од Секторот за внатрешна контрола ако работеле по двајца како во случајот со новинарите, би им требале 7 минути за да испрашаат и да креираат писмен исказ за еден полицаец.

12:00 – 12:30

Во овие 30 минути претпоставуваме дека Секторот за внатрешни работи успеал да состави записник и да ја затвори истрага, да креира некаква писмена одлука за исходот и истата да му ја испрати на помошникот министер за односи со јавност внатрешни работи Иво Котевски, под претпоставка дека Ivo Lj Kotevski е истото лице како и помошник министерот Котевски.

На Иво Котевски или на Ivo Lj Kotevski веројатно му се доволни 20 минути до 12:50 за да ја креира првата верзија на јавното соопштение, а подоцна и да ја промени. Од последната промена во 13:50 од незнајни причини се чекало да дојде 15:49 за МВР да го испрати соопштението до јавните гласила.

Се разбира, можно е и друго сценарио во кое Секторот за внатрешна контрола работел цела ноќ без престан, а на располагање биле сите човечки ресурси и така успеале од истрага која може да трае и до 1 месец, да завршат работа за точно 24 часа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.