НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Тајланд почна со работа најголемата пловечка сончева фарма

0
By НОВА ТВ on November 15, 2021 СВЕТ
Photo: CNN
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Тајланд беше пуштена во употреба најголемата пловечка сончева фарма во светот. Таа е изградена на браната „Сириндхорн“, на реката Лам Дом Нои.

Платформата има капацитет да генерира 45 мегавати енергија, со нејзините сончеви панели. Ова доаѓа во време кога Тајланд почна да напредува во постигнувањето на целите за независност од јаглерод. Тајландскиот премиер Прајут Чан-о-ча на Конференцијата на ОН за климатски промени во Глазгов, Обединетото Кралство, изјави дека неговата земја сака да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година. Во овој миг во Тајланд, две третини од енергијата се добива од природен гас.

Тајланд произведува 114.000 гигавати енергија користејќи природен гас, додека обновливите извори енергија како што се сончевата, ветерот и водата задоволуваат помалку од 10 отсто од потребите на населението. Остатокот се добива со користење јаглен, што е значајна причина за штетните емисии.

На фармата голема колку 70 фудбалски игралишта, има 145.000 панели направени од еколошки материјали. Површината на водата ќе помогне да не се прегреат панелите и да бидат до 15 отсто поефикасни од оние што се инсталирани на копно.

Изградбата на соларната фарма чинеше 34 милиони евра, а нејзината излезна моќност е 45 мегавати. Дизајнерите вклучија и три турбини кои можат да се потопуваат во вода и да генерираат енергија кога има помалку сончева светлина или кога побарувачката е поголема.

Фармата ќе биде достапна за јавноста за да развие интерес за оваа технологија и да се создадат што повеќе еколошки одржливи потфати во регионот. Засега, планирани се 15 слични проекти со коишто капацитетот за собирање енергија ќе се зголеми за 2.725 мегавати.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.