Кога револуцијата ја зафати Украина во почетокот на годината, градот Лавов, во западниот дел на земјата, беше во центарот на настаните.
Активистите поставуваа барикади во градот и патуваа за Киев, каде што помогнаа да се собори поранешниот претседател, Виктор Јанукович.
Сега ситуацијата е стабилизирана и нејзините жители повторно уживаат во шармот на овој европски град.
Но, во пресрет на претседателските избори во Украина, луѓето од Лавов се уште се многу ангажирани во политиката на земјата – на свој посебен начин.