Турскиот режисер Нури Билге Чејлан ја освои Златната палма на Канскиот филмски фестивал за својот филм Зимски сон (Winter Sleep).
Британецот Тимоти Спол беше прогласен за најдобар актер за неговиот портрет на британскиот уметник Тарнер во Г-дин Тарнер.
Наградата за најдобра актерка отиде кај Џулијан Мур во филмот на Дејвид Кроненберг кој е холивудска сатира- Карти до ѕвездите.
Левијатан, рускиот филм за корупција, беше именуван за најдобро сценарио, а Бенет Милер ја доби наградата за најдобар режисер за неговaта боречка драма Foxcatcher.