Со 26 гласови „ЗА“ на конститутивна седница Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ е избран за претседател на Советот на Град Скопје.
Покрај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, за него гласаа и од Левица, Алијанса на Албанците и Алтернатива и двајцата советници на коалицијата ЛДП/ДОМ.
– Во Советот нема да има место за политика и идеологија, туку Советот ќе мора да работи за да ги подобри условите за живот на сите граѓани на Скопје, модернизација на градот и реализирање на ветените проекти, изјави Славевски.
– Состојбата особено во претпријатијата не е добра. Се соочуваат со големи проблеми особено превработеност, пред нас стои тешка задача. Ове ќе биде многу квалитетен Совет, ние ќе бидеме контролори на работењето на градоначалничката и на претпријатијата, вели Славевски.