НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа стана лидер во инфекциите на коронавирусот

0
By НОВА ТВ on November 18, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европа од минатата недела е лидер во светот според бројот на инфицирани и смртни случаи од Ковид-19, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО), откако бројот на смртни случаи се зголеми за пет отсто и со тоа Стариот континент стана единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од Ковид-19.

СЗО ја информира јавноста дека бројот на смртни случаи од коронавирус насекаде низ светот е стабилен или во опаѓање, освен во Европа.

Најголем број нови случаи низ Европа е регистриран во Русија, Германија и Обединетото Кралство.

Русија вчера имаше нов дневен рекорд на смртни случаи од Ковид-19 – 1.247. Во последните 24 часа биле пријавени уште 36.626 нови случаи на заразени, од кои речиси три илјади се во Москва.

Според Институтот „Роберт Кох“, во Германија вчера повторно беше поставен нов црн рекорд на бројот на нови дневни инфекции – 52.826, со 294 умрени лица. Тоа е за 13.150 случаи повеќе од пред една недела.

Словачкото Министерство за здравство соопшти дека во вторникот се регистрирани 8.342 нови случаи, што е најголема бројка во земјата од 5,5 милиони луѓе досега.

Чешката Република соопшти за 22.479 нови случаи на коронавирус, што е најголем број на зарази во земјата со население од 10,7 милиони од почетокот на пандемијата. Ваквиот дневен пораст претставува зголемување од 54 проценти во однос на една недела претходно и го надмина јануарскиот рекорд од 17.778 инфекции во еден ден.

Повеќе европски земји, загрижени од зголемените бројки на заразени и умрени, се решија на заострување на мерките. Така, Шведска, најлибералната земја во однос на пандемијата, воведува серификати за собирите на затворен простор, мерка, што ја следат и Чешка, Унгарија, Данска….

Поради загрижувачки бројки на заразени и умрени германската канцеларка Ангела Меркел актуелната ситуација во земјата со епидемијата ја нарече „драматична епидемиолошка состојба“ и побара од идната влада да ја продолжи епидемиолошката вонредна состојба, што дава правна основа за воведување нолви построги мерки против пандемијата.

-Актуелната пандемиска ситуација во Германија е драматична. Четвртиот бран со полна сила ја погодува нашата земја, рече премиерката во заминување.

Таа апелираше до новото мнозинство во Бундестагот да не ја укинува т.н. епидемиолошка вонредна состојба, мерка воведена на почетокот на годината која им овозможува на федералните власти да воведат мерки против пандемијата кои важат во сите сојузни држави.

САД планираат да инвестираат милијарди долари во проширување на капацитетот за производство на вакцината против Ковид-19 за да имаат најмалку милијарда дози до втората половина на следната година, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на Белата куќа.

Најавата доаѓа во момент кога администрацијата на Џо Бајден се соочува со притисок од активисти да ја зголеми понудата на вакцини за посиромашните земји.

-Инвестицијата во производството на вакцини е дел од јавно –приватно партнерство за да се задоволат потребите од вакцини и локално и ширум светот, а исто така е подготовка за идни пандемии, изјавија за „Њујорк Тајмс“ д-р Дејвид Кеслер, кој ја надгледува дистрибуцијата на вакцините и Џеф Зиентс, кој ги координира активностите на Белата куќа во врска со коронавирусот.

Се проценува дека овој план ќе чини неколку милијарди долари и ќе биде платен со средства од американскиот План за спас, што Бајден го потпиша во март.

Од друга страна, главниот медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, вчера предупреди дека слабеењето на ефектот на вакцините во комбинација со високо преносливата Делта варијанта на коронавирусот ќе доведе до двоен удар, што ќе ги погоди и вакцинираните луѓе.

Според федералните податоци, дневниот просек на нови случаи во САД се зголеми на повеќе од 80.000 заразени, што е највисока стапка за последниот речиси еден месец.

Вкупно 40 американски држави во моментов покажуваат висока стапка на инфекција, а вкупниот број на хоспитализации се зголеми за првпат во речиси 10 недели.

Фаучи смета дека не само што ќе биде важно да се убедат приближно 60 милиони невакцинирани Американци дека треба да се имунизираат, туку е многу важно „да се спроведе програма за третата доза од вакцината“.

Тој додаде дека дополнителните дози на вакцината против Ковид-19 би можеле да станат стандард за „целосна“ вакцинација.

Изјавата на Фаучи доаѓа во време кога сè поголем број држави и локални власти вршат притисок за продолжување на задолжителната вакцинација на трета доза.

Нивната цел е да ја воведат третата доза за сите возрасни најмалку шест месеци по втората вакцина на Фајзер или Модерна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.