НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ избори: кафеавиот екстремно десен бран ја заплисна Франција

0
By Светлана Јовановска on May 26, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Франција е во шок. На вчерашните европски избори екстремно-десниот Национален фронт освои 24,95 отсто гласови со што стана најсилната политичка сила во земјата. Десниот УМП на поранешниот претседател Никола Саркози освои 20.79 отсто а вистинскиот ладен туш го доживеаа социјалистите со 13,98 осто гласови. На ова треба да се додаде и лошиот резултат на локалните избори кои се одржаа во март каде што Националниот фронт исто така завладеа во многу француски општини.

Европскиот печат денес го пренесува овој француски шок зборувајќи за “политички потрес”. Германскиот “Франкфутер цајтунг” вели дека сето ова ќе има важни последици за Франција но и за Европа. Европскиот печат заклучува дека ова е “огромен пораз за претседателот Франсоа Оланд” кој од овие избори излегува ослабнат политички.

Франција со ова влегува во еден вид политичка криза. Од рано наутро во Елизејската палата социјалистите одржуваат кризни состаноци во потрага по решенија. Но засега нема најави за распуштање на Парламентот како што тоа синоќа го побара Марин Ле Пен по соопштувањето на резултатите.

Премиерот Мануел Валс рече дека таков чекор не е на дневен ред: “Ова не е прв пат оние што ја водат земјата да бидат непопуларни”, рече Валс. Тој смета дека со распуштање на Парламентот и препуштање на власта на Националниот фронт земјата би влега во хаос. Наспроти тоа, Валс ветува забрзување на реформите во Франција.

Во шок се социјалистите но и десницата која за прв пат има помалку гласови на избори.

Според програмата на Националниот фронт оваа партија има неколку клучни барања помеѓу кои и излегувањето на Франција од еврото што е срцето на проектот на партијата во ЕУ.

Освен тоа, Националниот фронт смета дека Трансатлантската повелба, која е во преговори помеѓу ЕУ и САД, е “воена машина, ултралиберална, антодемократска и антиекономска” и дека Франција треба да излезе од преговорите. Во спротивно Франција, вели партијата, “утре ќе јаде говедско со хормони и модифицирано пиле какви што масовно се произведуваат во САД”.

Националниот фронт бара излегување на земјата од заедничката земјоделска политика на ЕУ и креира на француска. Помеѓу другите идеи за ЕУ Националниот фронт бара исто така излегување на земјата од Шенген зоната и прекин на сите легализирања на престојот на странците во Франција. Според партијата Франција може да прими за 10.000 странци годишно.

Францускиот претседател утре, вторник, доаѓа во Брисел на самитот на ЕУ каде што исто така ќе биде потсетен на “кафеавиот бран” кој ја зафати Франција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.