НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Непреземањето мерки за заштита на здравјето може да се смета за повреда на правата

0
By Ivana on November 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бура од реакции предизвика новиот предлог антиковид-мерки на Комисијата за заразни болести. Откако министерот за здравство, Венко Филипче вчера соопшти дека до Владата ќе предложи сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа за да одат на работното место треба да прикажат сертификат за барем една доза примена вакцина, направен ПЦР тест не постар од 72 часа на своја сметка, со реакција се јавија дел од синдикатите и граѓаните на социјалните мрежи. Тие сметаат дека со ваквите мерки се кршат основните човекови права.

Правната советничка и координаторка Драгана Дрндаревска од Мрежата за заштита од дискриминација за НОВА ТВ вели дека мерките за задолжителна вакцинација не претставуваат нелегално ограничување на правата ниту пак дискриминација. Како што додава, клучно е да се разбере дека правата можат да бидат ограничени, но ограничувањето не смее да биде на провизорен и непропорционален начин.

-За ковид вакцината и за МРП вакцината има одлучувано Европскиот суд за човекови права кој не смета дека задолжителната вакцинација е повреда на правата од конвенцијата. Сепак за Ковид 19 вакцинацијата и за останатите мерки, допрва ќе ја следиме практиката на Судот. Во нашиот случај целта на мерката е легитимна, да се заштити јавното здравје, рационална е бидејќи непосредно треба да доведе до зголемување на бројот на вакцинирани со што се штити здравјето и правата на другите, вели Дрндаревска.

Таа потенцира дека Европскиот суд за човекови права смета дека државите имаат поширока маргина на дискреција да одлучат дали заштитата на јавното здравје е поважно од правото да се избере дали да се прими вакцина или не опфатено со членот 8, прво на приватен живот.

-Притоа во расудувањето е важно да се разгледа прашањето дали постои итна социјална потреба, а земајќи го предвид фактот дека сѐ уште Ковид 19 претставува сериозна закана за јавното здравје наспроти нискиот процент на вакцинирани лесно може да се заклучи дека ваква потреба постои. Вакцинацијата се смета за ефикасен и ефективен начин за заштита на населението од болести, а со намалување на бројот на доброволно вакцинирани сѐ повеќе држави преземаат мерки со кои вакцинацијата директно или индиректно ја прават задолжителна, вели Дрндаревска.

Напротив, како што додава, непреземањето на мерки за заштита на здравјето на населението може да се смета за повреда на правата, секако зависно од околностите. Мерките за задолжителна вакцинација не претставуваат нелегално ограничување на правата нити пак дискриминација.

Инаку и на домашно ниво исто така, Комсијата за спречување и заштита од дискриминација донесе одлука дека задолжителното вакцинирање на децата како услов за запишување во школо не претставува дискриминација.

И во регионот има засилување на мерките поради зголемениот број на заразени од Ковид 19. Од 15 ноември во Хрватска и Словенија сите вработени, но и корисници на јавни и државни услуги треба да имаат потврда за вакцинација, прележана болест или негативен тест.

Во Грција, пак невакцинираните вработени во јавниот и приватниот сектор мора да прават тестови за Ковид 19 еднаш или двапати неделно, на свој трошок, додека пак во Франција на околу 3.000 здравствени работници им е суспендирано правото на заработка, бидејќи не биле вакцинирани против корона.

Комисијата предлага и вакцината да биде задолжителна за сите здравствени работници. Филипче апелираше кон овие мерки да се приклучат и приватните компании. Тој истакна дека овие мерки би стапиле во сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата, а здравствените работници имаат рок од 30 дена за да се вакцинираат.

Освен тоа, Комисијата предлага да се ажурира процесот за контрола на сертификатите, од страна на МВР и на пазарниот инспекторат, односно преку достапните апликации и QR кодовите на овие апликации да се проверува дали сертификатите што ги приложуваат лицата се валидни.

И.Р.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.