Денешниот ден е прогласен за Светски ден на детето, по повод усвојувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата на 20 ноември 1989 година. Оваа конвенција е најшироко прифатен документ на Обединетите нации и е ратификуван од најголем број држави, споредено со кој било друг документ на организацијата на народите,пишува во својата објава Заев.
Северна Македонија , како и сите други земји-членки на ОН , со прифаќање на Конвенцијата за правата на децата, се обврза дека ќе ги почитува четирите основни принципи:
Недискриминација;
Придржување кон најдобрите интереси на детето;
Правото на живот, опстанок и развој; и
Правото на учество.