Десетици илјади луѓе демонстрираа денеска во Париз и другите француски градови , со барање за поголем ангажман на владата за спречување на насилството врз жените.
Демонстрациите се организирани во момент кога расте гневот во Франција поради жените кои биле убиени од нивните партнери и се поголемото сексуално вознемирување и злоупотреба во Франција, пренесува АП.
Демонстрантите маршираа позади голем транспарент на кој пишувало “Стоп за сексизмот и сексуалното насилство”.
Групите кои се борат против овој вид насилство, велат дека само оваа година биле убиени 101 жена од актуелниот или од претходниот партнер или една жена на секои три дена.
Повеќе од 220.000 жени патат од сексуална злоупотреба од страна на партнерот, секоја година.
Активистите го повикаа Макрон секоја година да издвои по милијарда евра за борба против насилството врз жените и за изградба на повеќе шелтер центри.