На поранешниот висок функционер на Европската Унија Доналд Туск, денеска времено му е одземена возачката дозвола, конкретно на 3 месеци поради пречекорување на законската брзина на возење. Тој возел 100 километри на час во населено место.
Одземени му се и 10 од казнените 24 поени колку што има на располагање за една година.
64 годишниот Туск кој е лидер на полската опозициска партија „ Граѓанска платформа“ на Твитер напиша дека казната е адекватна и дека ја прифатил без да се расправа со полската полиција, јавува агенцијата Асошиејтед Пресс.