НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вицегувернерката Митреска: Нов глобален предизвик е дигиталната финансиска инклузија

0
By Mirjana on November 21, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дигиталната финансиска вклученост е еден од новите глобални предизвици. Новите времиња и дигитализацијата носат нови можности за поголема финансиска инклузија, како и нови предизвици за повисок степен на финансиска едукација. Во услови на потреба од натамошно унапредување на финансиската вклученост и финансиските познавања на населението во нашата земја, годинава, заедно со другите финансиски регулатори, ја усвоивме првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, која предвидува голем број активности и кооридиниран пристап.

Ова го посочи вицегувернерката Ана Митреска во својата презентација на работилницата организирана од германската Шпаркасе фондација за меѓународна соработка, која беше одржана за да го означи почетокот на активностите на оваа фондација во нашата земја во областа на финансиската инклузија.

„Потребно е знаење за новите можности, свесност за дигиталните ризици (онлајн измама и ризици за сајбер безбедноста, прекумерно задолжување), познавање на правата на потрошувачите и процедурите за компензација. Дигиталната финансиска инклузија станува еден од главните приоритети на глобално ниво. На пример, Г-20 Глобалното партнерство за финансиска инклузија кон крајот на 2020 година го постави дигиталната финансиска инклузија како еден од главните приоритети во својот акционен план за финансиска инклузија“, посочи вицегувернерката Митреска.

Таа истакна дека на новите предизвици и потреби одговораме стратешки со координиран пристап преку изработка и имплементација на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија. Истата содржи голем број на активности кои би се спроведувале од страна на регулаторните тела, како и приватниот сектор, а се очекува и придонес од страна на граѓанскиот сектор. Главните столбови во доменот на финансиската инклузија се заштитата на потрошувачите, пристапот до финансии за одделни целни групи, финансиски иновации. Од аспект на финансиската едукација напорите се насочени кон градење на основни познавања кај целните групи, координирани напори за едукација, изработка на едукативни материјали и вградување на добрите практики.

Вицегувернер дигитална финансиска инклузија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.