Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Барозо: Со “Јужен тек” Бугарија ги крши правилата на ЕУ

0
By Нова ТВ on May 28, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 28, 2014 12:37

ЕК ја предупредила Бугарија поради намератa да почне со изградба на гасоводот Јужен тек во соработка со претставник на руска компанија кој е на листата личности на кои им е е забрането да патуваат во ЕУ, јави Дојче веле.

Бугарија со изградба на дел од гасоводот Јужен тек ги крши правилата на ЕУ и Европската комисија ќе преземе мерки тоа да не го дозволи, соопшти синоќа околу полноќ, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо, велејќи дека за тоа ги известил и лидерите на земјите на ЕУ кои заседаваа во Брисел.
Барозо ова го изјави на конференцијата за печат и додаде дека тоа му го ставил до знаење и на бугарскиот премиер Пламен Орешарски (насловна фотографија) со кого разговарал во Брисел. Тој одговари на прашањето на новинари како гледа на фактот дека Бугарија ќе започне со изградба на Јужен тек на своја територија со соработка на претставникот на руската компанија кој е на листата личности на кои им забрането да патуваат во ЕУ.

Европската комисија ќе дејствува

Барозо подвлече дека на лидерите на ЕУ им ја пренел потребата сите членки на Унијата да бидат единствени околу енергетската безбедност и, оти „никој на самитот не го оспорил тоа“. Додаде дека на лидерите на Унијата им посочил оти некои договори кои се склучени или за кои се преговара се спротивни со законите на ЕУ, истакнувајќи дека Европската комисија „во врска со тоа ќе дејствува“. Барозо рече дека на бугарскиот премиер Орешарски му ставил до знаење оти правилата на внатрешниот пазар во ЕУ мораат да бидат почитувани, „не само затоа што Европската комисија е чувар на одредбите на Договорот на ЕУ, туку поради тоа што се доведува во опасност енергетската безбедност на Бугарија и на ЕУ, ако не се почитуваат овие прописи.“
„Ние сме во потполност запознаени со ситуацијата, тоа го следиме со месеци и европскиот комесар за енергија Гинтер Етингер е во контакт со бугарскиот министер за енергетика, а јас и на самитот на шефовите на држави или на влади на ЕУ не оставив сомнеж дека Европската комисија ќе дејствува секогаш кога сме убедени дека правилата за внатерешен пазар, а конкретно правилата за енергија, не се почитуваат“, рече Барозо. „А тоа важи за договорот на Бугарија за изградба на гасоводот Јужен тек“, заклучи тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.