Поетeсата, авторка и активистка Маја Енџелоу почина на возраст од 86 години.
Славена како еден од водечките книжевни гласови на Америка во последните 50 години, Енџелоу е најдобро позната по нејзините мемоари Знам зошто затворената птица пее.
Тоа беше првиот од седум тома од автобиографијата кој го проследи нејзиниот живот од детството до злоупотребата и угнетувањата на Југот, во 1930-тите.
Веста за нејзината смрт е потврдена од страна на канцеларијата на градоначалникот во нејзиниот роден град на Винстон Салем, Северна Каролина.
Градоначалникот Ален Џонс изјави дека е “многу тажен од нејзиното заминување”.
Еден од најубавите стихови на Енџелоу : “Мојата мисија во животот не е само да преживеам, но да напредувам; и да го сторам тоа со некоја страст, некое сочувство, некој хумор и некој стил ‘