Роднини на патниците кои се превезувале со некои од автобусите на „Беса транс“ пред туристичката агенција чекаат подетални информации и апелираат до агенциите да бидат достапни за информации во вакви тешки моменти.
– Од 6 утрово се информираме преку „Фејсбук“, бидејќи братучед ми е во Турција. Веќе три-четири часа се јавуваме во „Беса транс“. Немаме никаква информација, ниту пак се јавуваат. Тоа не е добро. Како што знаат да организираат екскурзии, така сега кога е трагично треба да се поактивни. Ги замолувам институциите да ги информираат луѓето, изјави Џељал Бакиу, роднина на патник кој, требало да се врати од Турција.
Седиштето на агенцијата од утринава го обезбедуваат неколкумина полицајци. Во автобуската несреќа во Бугарија загинаа најмалку 45 лица кои се враќале од Турција.