Сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа изрази сопственикот на туристичката компанија „Беса транс“, во телефонски разговор за ТВ21.
Тој изјавил дека и самиот не знае како дошло до несреќата и дека од 3 часот утринава се наоѓа на местото на несреќата.
– Не знам како дошло до несреќа. Од 3 часот утринава сум на местото на несреќата за да добијам информаци од бугарските институции, но досега сѐ уште не се познати причините, изјави за ТВ21 сопственикот на „Беса транс“.