НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАСА лансира пробен систем за менување на насока на астероиди

0
By Sashko on November 24, 2021 СВЕТ
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како дел од тестирањето на планетарниот одбранбен систем, НАСА успешно лансира вселенски брод чија задача е да удри во астероид и да го пренасочи од траекторијата што потенцијално може да доведе до судир со Земјата.

Вселенскиот брод „ДАРТ“ беше лансиран на ракетата „Фалкон 9“ од базата „Ванденберг“ во 22:21 часот по локално време од американскиот брег на Пацификот, 240 километри северозападно од Лос Анџелес.

Бродот со големина на мал автомобил се откачи од ракетата неколку минути подоцна и започна патување во длабоката вселена кое ќе трае десет месеци, на растојание од околу 6,8 милиони километри од Земјата.

Откако ќе се најде на избраната локација, „ДАРТ“ ќе се обиде да ја промени траекторијата на еден астероид со чиста кинетичка сила. Ќе удри во астероидот со голема брзина со цел да ја промени неговата траекторија доволно за да избегне судар со нашата планета.

Десет дена пред ударот, од бродот ќе бидат откачени мини-камери за да го снимаат сударот и да емитуваат слики назад на Земјата.

Избраниот астероид не претставува вистинска закана за Земјата и мал е по големина во споредба со катаклизмичното небесно тело од овој вид што ја погоди нашата планета пред околу 66 милиони години, кога изумреа диносаурусите.

Научниците велат дека помалите астероиди се многу почести и дека теоретски, тие претставуваат многу поголема опасност на краток рок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.