Најмногу починати од коронавирусот во Европската Унија има во Бугарија, која има едвај 30 отсто вакцинирано население, а најдобра е Ирска, која со 93 отсто до населението има само 15 смртни случаи на две недели на милион жители. Графиконот е доказ дека вакцинацијата делува, пишува Блиц.
„Податоците покажуваат дека колку е поголема стапката на вакцинација, толку е помала стапката на смртност“, напиша Европската комисија во описот на графиконот објавен вчера на својот Твитер профил.
Врз основа на графички прикажаните податоци, може да се забележи дека во земјите со висок процент на вакцинирани, бројот на смртни случаи е многу мал. На левата табела е прикажан процентот на вакцинирани, а десно бројот на починати на милион жители во период од две недели.
Data shows us that the higher the vaccination rate, the lower the death rate. #COVID19 #VaccinesWork pic.twitter.com/mORrrQOPsj
— European Commission 🇪🇺 (@EU_Commission) November 23, 2021
Најлоши се Романија и Бугарија. Романците вакцинирале 43 отсто од возрасните и имаат 267 смртни случаи на милион жители. Бугарите се убедливо најлоши со бројки од 29 отсто вакцинирани и 325 мртви.