НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција ќе дава засилувачка доза од анти-ковид вакцината на сите лица над 18 години

0
By Ivana on November 25, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Француските здравствени власти предложија проширување на аплицирањето на засилувачката доза на анти-ковид вакцината на сите лица над 18-годишна возраст, и тоа пет месеци по целосната вакцинација.

Владата пред само шест дена го прошири администрирањето на третата, бустер доза за лица над 40 години, шест месеци по целосната вакцинација, а денеска таа мерка дополнително ја прошири на сите лица над 18 години.

Соопштението беше објавено непосредно пред најавеното обраќање на француската министерка за здравство, Оливија Веран, која ќе зборува за новите мерки на Владата во моментот кога земјата ја зафати петтиот бран на епидемијата, кој, како што изјави, се шири со „молскавична“ брзина.

Владата одлучи да го забрза давањето на бустер доза поради повторното ширење на епидемијата „посилно од очекуваното“.

Владата во Париз верува дека „загрижувачкиот епидемиолошки контекст го оправдува забрзувањето на кампањата за вакцинација и скратувањето на периодот меѓу првата вакцинација и засилувачката доза“, соопшти Високата здравствена администрација (HAS).

Одлуката се заснова на проекциите на Институтот Пастер, кој смета дека притисокот врз болниците ќе се намали доколку се примени бустер доза за сите постари од 18 години, во пократок период после целосната вакцинација. Според здравствената управа, намалувањето на притисокот врз болниците е 39 отсто доколку бустер дозата се прими шест месеци по последната доза, а надминува 50 отсто доколку се прими по пет месеци.

Се наведува дека основаноста на оваа стратегија се гледа и во податоците од студиите во реалниот живот во Израел.

Исто така, се посочува дека од клучно значење е да се продолжи со вакцинирање на лицата кои сè уште не се вакцинирани, како и строго да се почитуваат другите мерки кои се воведени за борба против ширењето на заразата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.