НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште една донација од УНИЦЕФ за лична заштита од КОВИД

0
By НОВА ТВ on November 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опрема за лична заштита, вредна 340.000 долари, во која има над 260.000 хируршки маски за една употреба и околу 209.000 висококвалитетни калјачи, донираше УНИЦЕФ во институциите од областа на здравствената грижа, образованието и детската заштита во Северна Македонија.

Донацијата е обезбедена од Глобалното седиште на УНИЦЕФ за снабдување и логистика.

– Мора да продолжиме да се фокусираме на заштита на оние кои се во првите борбени редови, бидејќи токму тие се грижат за сите нас и целосно ги посветија своето време и енергија за да спaсуваат животи, да го чуваат нашето здравје, да ги задржат нашите деца во училиште и да овозможат нашето општество да продолжи да функционира. Ја заслужуваат наша целосна поддршка и благодарност. Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на сите наши партнери, како што е УНИЦЕФ, кои ни помогнаа да ја обезбедиме оваа дополнителна поддршка, и очекувам оваа соработка да продолжи и во иднина, изјави министер за здравство Венко Филипче.

Донацијата за Министерството за здравство главно ќе се употреби како дополнување на залихите што им се на располагање на институциите за здравствена грижа во целата земја, а дел од донацијата ќе им биде на располагање и на образовните установи и на установите за заштита на децата.

-Со пандемијата на коронавирусот живееме повеќе од 18 месеци и научивме дека КОВИД-19 не е само здравствена криза, туку и криза на информирање и криза на правичност, која имаше социо-економски последици по семејствата и децата. Овозможувањето пристап до суштинските услуги во здравството, образованието и детската заштита мора и понатаму да биде приоритет за да се намали ризикот пандемијата да остави трајни последици по животите на децата. Донацијата е дополнување на постоечките количини за работниците во првите борбени редови да можат да продолжат да им ја обезбедуваат најквалитетната нега на семејствата и децата, рече претставничка на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани.

Од почетокот на пандемијата УНИЦЕФ го поддржува Министерството за здравство во справувањето со КОВИД со цел да ги амортизира ефектитеврз децата и семејствата. Освен што го поддржува зајакнувањето на здравствениот систем, во рамки на редовната соработка со Министерството за здравство, УНИЦЕФ има донирано респиратори за здравствените установи во вредност од над 215.000 долари и дополнителни количини опрема за лична заштита и КОВИД-тестови.

-Го поддржавме воспоставувањето здравствено советување преку телефон за патронажни сестри и телефон за помош на бремени жени и мајки на новороденчиња, дистрибуиравме хигиенски пакети во најранливите заедници; помогнавме во развојот на стратегијата и материјалите за комуникација на ризик, ја поддржавме психосоцијалната поддршка за децата и семејствата и активности да се зголеми стапката на имунизација, наведува Канцеларијата во соопштението.

Преку партнерство со Министерството за здравство, УНИЦЕФ ќе продолжи и да ги поддржува заложбите семејствата да ги добиваат потребните информации за вакцините против КОВИД од сигурни извори за да ја добијат најдобрата заштита.

-Ќе одговориме на прашањата поврзани со менталното здравје и благосостојбата на здравствените работници за да можат и понатаму да ги одржуваат основните услуги и да ги поддржуваат семејствата, ќе работиме на подобрување на санитарните услови, пристапот до вода и одржување на хигиена, како и на заложбите за спречување на инфекции и на подобрување на капацитетите за контрола на инфекции во земјата – особено во училиштата за и понатаму да бидат безбедни и отворени, информира Канцеларијата.

УНИЦЕФ има 75-годишно искуство во одговор на кризни ситуации и во обезбедување неопходна помош, со глобална мрежа од над 1000 снабдувачи на медицинска опрема, најголем хуманитарен склад на светот, како и силни глобални и локални партнерства и поддржувачи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.