Документарен филм за ослободувањето од нацистичка Германија оставен на таванот во семејната куќата на славниот режисер George Stevens, неодамна пронашол неговиот син. Филмот е многу важен за историјата на целиот свет. Режисерот е еден од првите кои со камера во боја ги снимил ужасите во концентрационите логори, влегувањето во Берлин, како и ослободувањето на Париз.
-Мислевме дека ова е единствен документарен филм во боја кој ја прикажува Втората светска војна. Но, утврдено е дека постојат уште неколку германски филмови, кои се уште не се пронајдени, изјавил синот на Stevens.
Филмот првпат е објавен овој месец на Blu- Ray.
Stevens бил познат режисер кој славата ја стекнал во почетокот на 30-тите години на минатиот век. Еден од неговите најпознати филмови е „Swing Time“од 1936 година каде главните улоги ги играат Fred Astaire и Ginger Rogers. Оскар освои во 1951 година за филмот „A Place in the Sun“ и во 1951 година за филмот „Div.“