Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Еден од најголемите сончеви паркови во Европа е првата француска стратешка инвестиција во земјава

0
By НОВА ТВ on November 27, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 27, 2021 10:17

Северна Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати (MW), соопштија од Владата. Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен, за македонската економија.

– Соларниот парк „Стипион“ ќе се гради во текот на следната 2022 година на локацијата која беше предвидена за карго аеродромот во Штип. Поради движењата на ветровите оваа локација не е погодна за изградба на аеродром, но согласно анализите на соларната радијација, карактеристиките на земјиштето како и оддалеченоста од преносната мрежа, оваа местоположба има одлични услови за изградба на фотонапонска електрана, се наведува во соопштението на Владата.

За успешна реализација на инвестицијата, како што информираат од Владата донесена е Одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје.

– Овој стратешки проект ќе го реализира водечката француска компанија за производство на електрична енергија исклучиво од обновливи извори „Акуо Енерџи“ (Akuo Energy) од Франција. Проценетата инвестиција се очекува да биде околу 270 милиони евра, за која во фаза на подготовка е посебен закон за реализација на оваа инвестиција, кој се очекува да се донесе во првиот квартал на наредната година, наведуваат од Владата.

Согласно планот, првите количини на електрична енергија ќе протечат во текот на 2023 година, а целосна реализација, Владата најави дека тоа ќе биде до крајот на 2024 година. Производство на електрична енергија е проценето на околу 650 (GWh) гигават часови на годишно ниво, што преставува 16% од годишното производство на електрична енергија од АД „ЕСМ“. Оваа фотонапонска централа ќе ги задоволува потребите на околу 116 илјади домаќинства.

– „Акуо Енерџи“  основана е во 2007 година и е водечка компанија за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија во Франција. Располагаат со портфолио од над 1100 MW на електрани од обновливи извори, главно фотонапонски електрани низ целиот свет. Во моментов, во фаза на проектирање, развој и изградба имаат над 2400 MW во САД, Уругвај, Индонезија, Полска, Португалија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово, Австралија и во неколку земји во Африка. Во моментот развиваат проекти од над 5 GW од кои 1 GW во соседна Грција, информираат од Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 4, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

ВЕСТИ June 4, 2026

Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го…

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.