Видео спотот на Gangnam Style се искачи на првата позиција на видео каналот YouTube со над две милијарди гледања.
Хитот од Јужна Кореја на раперот Psy од јули 2012 предизвика насекаде во светот лудо танцување.
Само видеото на Џастин Бибер со песна Baby, со една милијарда гледаност на YouTube хитовите, се приближува кон попупарноста на Gangnam Style.
Коњскиот танц на Psy доведе до создавање на бројни пародии, почнувајќи од онаа со Бан Ки Мун па се до затворениците во Филипинскиот затвор.
Неговата песна Gentleman, исто така на YouTube, досега е извртена речиси 700 милиони пати. Ова видео е на рекордната позиција за најмногу гледања во еден ден, односно 38 милиони пати.
Пејачот минатата година потроши многу време на светската турнеја на концерти низ САД, Европа и на крај заврши со посета на Азија.
36-годишниот К-Поп објаснува за BBC, иако во минатото имал доста потешкотии , сега “проблемот е што мојот музички спот е попопуларен од мене”, вели тој.
Во 2012 Psy беше одликуван со највисоките културни почести во Јужна Кореја, исто така тој имаше и свој перформанс во чест на новиот јужно корејски претседател Парк Геун-Хие на неговата инаугурација.