НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип

0
By НОВА ТВ on November 29, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде што претпоставените старешини го информираа за условите за работа на припадниците на Армијата и нивните тековни активности.

Посетата беше во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, а претседателот исто така присуствуваше и на презентација на показна вежба: Tактики, техники и процедури на движење на пешадиско одделение во населено место, изведена од 3. вод на 1. пешадиска чета под команда на поручник Неда Волчева.

Како што информираат од претседателскиот кабинет, на средбата, на која присуствуваа и командирите на одделенија од единицата на армијата на САД за советување и поддршка во обуката на нашата НАТО декларирана единица, стана збор и за нејзиното оценување кое треба да се случи во месец април 2022 година.

Претседателот Пендаровски разговарал и со поручникот Неда Волчева, командир на 3. вод на 1. пешадиска чета. Говорејќи за нејзините професионални ангажмани и одговорности, како и за предизвиците како жена, Волчева истакна дека преку својот личен пример докажува дека и жените се подеднакво подготвени да бидат дел од Армијата.

За време на посетата на касарната „Јане Сандански“ во Штип, претседателот Пендаровски беше придружуван од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Во рамки на посетата на Штип, Пендаровски го посети и подрачното одделение на Државниот архив на Република Северна Македонија, кое има надлежност врз повеќе општини од тој регион. Вработените го запознаа претседателот за содржината на материјалите во ова одделение кое располага со 523 фонда и 22 збирки и притоа информираа дека најстарите документи датираат од 1895 година, а како главен дел, го посочија материјалот создаден по 1944 година.

Во депото на подрачното одделение во Штип, на претседателот му беа презентирани неколку оригинални документи меѓу кои беа две свидетелства потпишани од Гоце Делчев во училиштето во Ново Село – Штип, молба за упис на филозофски факултет на народниот херој Ванчо Прќе, првата радио вест за ослободување на Штип, диплома на првиот лекар-хирург во Штип, како и документи – тапии за имот од Османлискиот период.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.