НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување на пештерната црква во монашката населба Св. Преображение – Зрзе

0
By Нова ТВ on June 2, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Институтот за старословенска култура од Прилеп започна со истражувања со цел да се добијат продлабочени познавања за значењето, хронологијата и програмските решенија на фрескодекорацијата на пештерната црква и на параклисот во монашката населба на локалитетот Св. Преображение – Зрзе.

Активностите во рамките на овој проект, кои предвидуваат документирање и хемиска анализа на малтерот и на сликарските бои врз фрагментите од фрескодекорацијата, по што ќе биде направена компаративна анализа со сликарството од манастирската црква „Св. Преображение“ и мирската црква „Св. Никола“, се одвиваат со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

На овој начин ќе се создадат услови да се определи хронологијата на сликарството, да се утврди неговото потекло, по што ќе се направи графичка и дигитална реконструкција на дел од програмата на живописот на пештерната црква и на параклисот.

Со ваквите истражувања, ќе се понудат продлабочени познавања за животот, карактерот и за другите аспекти на монашката населба и на културниот комплекс Св. Преображение – Зрзе, а преку хемиските анализи и конкретните идејни решенија ќе се овозможи конзервација, реставрација и презентација на овие фрагменти како следен чекор за нивна заштита.

Сликаниот ансамбл на манастирската црква „Св. Преображение“ и на мирската црква „Св. Никола“ – с. Зрзе е производ на повеќе сликарски целини кои настанале во различни хронолошки периоди и кои сведочат за богатото културно минато на овој регион. По своето историско и ликовно значење се истакнуваат фреските кои настанале во втората половина на XIV век, сликарството на мајсторот Онуфриј, околу 1535 година, и програмата нa тремот на манастирската црква коja била насликана во првата половина на XVII век.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.