НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Омикрон го загрижи светот

0
By НОВА ТВ on November 30, 2021 СВЕТ
Фото: Reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира новиот вид на коронавирусот Омикрон како „многу висок“ глобален ризик.

Во документот СЗО нагласува дека научниците сè уште многу малку знаат како Омикрон ќе влијае на текот на пандемијата.

– Омикрон имаа мутации чиј број е без преседан, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз развојот на пандемијата. Вкупниот глобален ризик поврзан со Омикрон е исклучително висок, се наведува во извештајот на СЗО.

Проценката на СЗО се заснова, меѓу другото, и на фактот дека Омикрон, кој беше откриен во Јужна Африка, има голем број мутации кои претставуваат поголем ризик од повторени инфекции кај прележаните лица.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека на СЗО и треба сигурно финансирање со поголеми донации од земјите-членки. Таа го поддржа почетокот на преговорите за обврзувачки меѓународен договор за спречување на пандемии.

„Катастрофалното влијание на пандемијата Ковид-19 врз здравјето и економијата треба да ни биде лекција“, рече таа во видео пораката на почетокот на специјалната седница на СЗО.

„Вирусите не познаваат национални граници. Затоа, треба да ги утврдиме мерките што треба да се преземат за да се подобри превенцијата, раното откривање и одговорот на меѓународно обврзувачки начин“, посочи таа.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека глобалната заедница, додека се водат разговорите, се соочува со закана од нова, многу пренослива варијанта на Ковид-19, Омикрон.

На прес-конференција во Рига таа додаде и дека Фајзер мора да ја адаптира својата вакцина против коронавирус на новиот вид Омикрон во рок од 100 дена.

– Во текот на следните две до три недели, научниците ќе собираат информации за сојот Омикрон за да добијат најточна слика за тоа колку е опасна новата мутација на коронавирус, нагласи претседателката на ЕК.

Таа додаде дека во исто време Европа треба да ги засили вакцинирањето и санитарните услови.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека има многу несигурности за тоа колку може да биде пренослива и тешка инфекција со силно мутиран Омикрон.

„Појавата на силно мутираната варијанта Омикрон укажува колку е опасна и неизвесна нашата ситуација“, рече Тедрос, мислејќи на правно обврзувачкиот договор што не е спомнат во нацрт-текстот со кој се бара консензус за патот напред. Според него, Омикрон покажува зошто на светот му е потребен нов договор за пандемии.

„Нашиот сегашен систем ги обесхрабрува земјите да ги предупредуваат другите за закани кои неизбежно ќе ги погодат“, рече Тедрос, додавајќи дека Јужна Африка и Боцвана, односно јужна Африка каде што е откриена новата варијанта, треба да се пофалат, а не да се „казнуваат“ за нивната работа.

Се очекува наскоро лидерите на ЕУ да се состанат за вонреден лидерски самит на кој ќе се дискутира за европската стратегија откако се појави новиот вид на Ковид-19. Додека земјите членки на ЕУ поединечно почнаа да воведуваат нови рестрикции за слободното движење во Унијата, Европската Комисија ги повика да не го прават тоа и да се придржуваат до правилата воведени со Дигиталниот ковид сертификат летово.

Поради ова претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, би требало да свика вонреден самит преку видеоконференција во наредните денови за да се координира европскиот одговор пред ширењето на сојот омикрон откриен благодарени на научниците од Јужна Африка.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека е длабоко загрижен за изолацијата на земјите од јужна Африка, откако некои земји воведоа нови рестриктивни мерки во однос на патувањата поради новиот вид коронавирус – Омикрон.

– Ги повикувам сите влади да размислат за повторно тестирање на патниците, заедно со сите други соодветни и ефективни мерки, со цел да се избегне ризикот од пренесување на инфекцијата, рече Гутереш.

Генералниот секретар на ОН апелираше да се дозволат патувања од економски причини.

Високиот експерт на американската влада Ентони Фаучи изјави дека САД се во состојба на висока готовност за новата варијанта на Ковид-19 и повика на вакцинација откако Канада ги потврди првите случаи на новиот сој омикрон.

– Нема потврдени случаи (на Омикрон), но очигледно сме во состојба на висока готовност, рече Фаучи за Добро утро Америка на Еј-Би-Си.

Фаучи, исто така, ги охрабри луѓето брзо да примат вакцини или засилувачка доза вакцини против коронавирус, наместо да чекаат фармацевтските компании да ги приспособат дозите специјално за варијантата Омикрон.

– За варијанта како оваа, иако има многу работи што не ги знаеме за неа, една работа што ја знаеме е дека вакцинираните луѓе се справуваат многу, многу подобро од невакцинираните, а особено кога ќе ја засилите (со трета доза), рече тој.

– Кога сте вакцинирани и со засилувачка доза и нивото на (антитела) значително ќе се зголеми, ќе имате одреден степен на заштита, барем од тешка форма на болеста, појасни Фаучи.

– Силно ви препорачувам сега да примите засилувачка доза, истакна американскиот експерт.

Претседателот на САД Џо Бајден синоќа се обрати до нацијата и одговараше на прашања околу новиот вид на Ковид-19. Именуван како Омикрон, вирусот најпрвин беше откриен во Јужна Африка, за потоа да се прошири најмалку во 14 земји.

Претседателот рече дека Омикрон е причина за загриженост но не и за паника, уште еднаш повика на масовна вакцинација во земјата и истакна дека е неопходно да се зеде и третата, засилувачка доза. Тој истакна дека Администрацијата активно работи со производителите на вакцини за вакцинација на сите Американци.

Австралија го одложи планираното повторно отворање на границите за студенти и квалификувани работници, наведувајќи ја неизвесноста за опасностите и преносливоста на новиот сој коронавирус Омикрон.

И Филипините привремено ја суспендираа одлуката да им се дозволи влез на целосно вакцинирани туристи во обид да се спречи ширењето на новата варијанта на коронавирусот во државата каде што најголемиот дел од населението останува невакцинирано.

Мароканските власти исто така соопштија дека ги суспендираат сите летови кои пристигнуваат од целиот свет на две недели поради Омикрон. Привремената забрана ќе трае две недели, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на здравствениот комитет.

Соочена со новиот вид на коронавирусот, Омикрон, Јапонија од денеска ќе ги затвори границите за странци, изјави премиерот Фумио Кишида.

– Ќе забраниме секаков прием на странски државјани од целиот свет од 30 ноември, изјави Кишида.

Тој додаде дека целта е да се избегне најлошиот тек на настаните, и оти тоа е привремена мерка.

На Јапонците кои се враќаат од одредени земји ќе им биде дозволен влез во земјата, но ќе мора да бидат ставени во карантин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.