Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Презентација на анализата „Човек од народот: Анализа за јавното мислење за политичките барања на граѓаните“

0
By Mirjana on November 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 30, 2021 10:03

Претседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО) во соработка со Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје ја презентираа анализата „Човек од народот: Анализа за јавното мислење за политичките барања на граѓаните“.

Во рамките на истражувањето се испитуваше довербата на граѓаните во демократските институции, како и во други чинители во политичкиот живот на државата и општеството, како медиуми, граѓански организации и верски организации.

На презентацијата, д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование и советник на претседателот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања оцени дека популизмот ја минира основата на демократијата.


„Во неговата есенција е антагонизмот кон институционалното демократско решавање на конфликтите во општеството врз основа на принципите на владеењето на правото. Токму затоа, како Претседателски центар за политичко образование го идентификувавме популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување. Една од нашите основни задачи е да промовираме и организираме образование во духот на демократските вредности, вклучувајќи ги легитимните идејни разлики што се основата на еден плурален политички систем и пожелни за неговиот развој, а, истовремено, да помогнеме во градењето на консензус во општеството, независно од идеолошките и партиските разлики, дека демократијата и демократските вредности немаат алтернатива“, рече Спасов.

М-р Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје изјави дека темата популизам го доминира светскиот политички дискурс и не нè заобиколува нас.

„Изминатите години сведочевме на популистички тенденции како во либерални демократии но и во срцето на стабилни демократии. Северна Македонија неизбежно ја зафати и тој бран на популистички наративи. Популизмот е голем непријател на демократијата. Системски е многу важно да се адресираат овие предизвици иако се комплексни причините што доведуваат до популистичко владеење. Овој феномен најмногу се рани од недоверба во институциите и политиките кои создаваат голема социјална нееднаквост помеѓу различни групи во општеството. Ова е подол феномен кој што користи демократски јазик за да практикува антидемократски политики. Класична дебата дека говорот на омраза се оправдува со слободата на говор е еден од примерите за тоа како успева да пенетрира во општеството“, рече Трошановски.

Вљора Речица, раководителка на центар и истражувачка во Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје, изјави дека истражувањето се обидува да најде одговори околу општествената побарувачка за популистички лидери и политики во Република Северна Македонија.

„Во експерименталното прашање за кој кандидат би гласале на избори, за „политичарот од кариера“ или „човекот од народот“, две петтини од испитаниците (42%) одговориле дека, доколку на парламентарни избори пред нив на гласачкото ливче би биле претставените кандидати, тие би гласале за вториот кандидат, т.е. за кандидатот кој основал своја партија и до моментот на изборите не извршувал јавна функција. Од друга страна, скоро една третина (31%) од испитаниците одговориле дека би гласале за првиот кандидат, т.е. според категоризацијата, за политичарот од кариера. Довербата во најважните институции во рамките на политичкиот систем на Северна Македонија, како што се Собранието, Владата, Претседателот и судството, е на ниско ниво. Највисока оценка на доверба има Претседателот на државата со 4.4, на скала од 1 до 10, додека најниска оценка на доверба има судството, со средна оценка 2.8. Релативно повисока доверба имаат војската, со оценка 5.6, и црквата, со оценка 5.5, а на средината на скалата се здравствените институции и експертите со оценка 5.0, што не е случај со довербата во медиумите, која е оценета со 4.0. Ниско ниво на доверба испитаниците имаат и за политичарите (3.2) и политичките партии (3.4)“, рече Речица.

д-р Јован Близнаковски од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (ИСППИ-УКИМ)/надворешен соработник, ИДСЦС истакна дека „популизмот оди често рамо под рамо со клиентелизмот, корупцијата и често е поврзан со авторитарни режими. Ставот на граѓаните кон политичките елити е многу негативен. Граѓаните ги гледаат политичарите како корумпирани, кои што се грижат само за себе и го изневеруваат народот. Постои нагласена недоверба кон демократските институции и правила на играта, како и разбирање на политиката како борба на народот наспроти елитите.“

Миша Поповиќ, раководител на центар и постар истражувач во Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје, изјави дека многу често граѓаните чувствуваат отуѓеност од политичките елити.

„Таа отуѓеност колку подолго трае овозможува влез на популистичка реторика и упатува на потребата на сеопфатна методологија на управување која што ќе ги вклучува граѓаните во процесот на носење одлуки низ структуриран процес на консултации. Теориите на заговор се интересна категорија затоа што се посреден индикатор на тоа колку се чувствуваат граѓаните отуѓени од општеството. Високи, 72% од испитаниците сметаат дека светот го водат неколку моќни семејства, 65 % мислат дека КОВИД-19 е креиран во лабораторија за да се контролираат луѓето, 46% веруваат дека климата се контролира со сателити и радари, 44% дека се запишани повеќе мртви од КОВИД-19 бидејќи Министерството за здравство давало пари, 46% дека од авиони се прска вирусот, 29% мислат дека климатските промени се измислица и 57% дека големите медиуми шират лаги“, рече Поповиќ.

 

граѓаните преферираат лидери „ Човек од Народот“ Популизмот во Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.