Вчера (30 ноември) во 18 часот и 50 минути, 25-годишниот А.С. од тетовска Мала Речица во СВР Тетово пријавил дека околу 15 часот и 30 минути, во објектот во кој работел на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, физички бил нападнат од три лица, од кои едното го познавал. Според пријавеното, во нападот двајца од нив користеле метални предмети, а едниот му се заканувал со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.