По веста за затворањето на месарниците на “Римес”, која важи за една од поголемите компании во индустријата за месни преработки, бизнисмените од овој сектор предупредуваат, дека состојбата на пазарот се влошува и дека “Римес” нема да биде единствената која ги затвора продавниците, објавува Фактор.
Дел од бизнисмените кои се занимваат со производство на месни преработки, алармираат дека голем дел од компании од овој бизнис работат неликвидено и се загалвени со кредити. Причината за тешката ситуација во која што се моментално се наоѓа овој бизнис, ја лоцираат во банките, куповнта моќ и капацитетот на пазарот.
– Допрва ќе се затвораат компании, пазарот е мал, а има мноу производствени капацитети. Банките се немилосрдни со каматите. Ние што на времето направивме погони, навреме направивме и тоа без кредити, тоа беше друго време. Сега побарувањата од банките се големи, компаниите работат неликвидно, заглавени се со кредити. Денеска во вакво време не се инвестира и реално е да се стави клуч на врата, оти не се издржува. Од друга страна се чувствува и ослабената потрошувачка моќ, граѓаните немаат пари, ако порано купувале три пати неделно месни производи, сега еднаш или ниту еднаш, гледаат што поевтино да поминат. Во однос на конкуренцијата не се согласувам дека проблемот е воувозните производи оти иние извезуваме во земјите од регионот, па можеби и они за нас велат дека ние сме им нелојална конкуренција, вели за Фактор бизнисмен од индустријата за месни преработки.
Според официјалните податоци, потребите на пазарот комплетно се повриваат од домашното производство. Дополнително македонските компании од индустријата за месни преработки голем дел од своите производи ги извезуваат од што држвата има девизен прилив од околу 25 милиони евра.
Во земјава има околу триесеттина современи производствени капацитети за преработка на месо и производство на сувомесни производи, чии капацитети во потполност можат да ја задоволат побарувачката на домашниот пазар. Според податоците од Стопанската комора на Македонија, производството и производствените капацитети мора да исполнуваат одредени стандарди кои гарантираат висок квалитет на крајниот производ.