Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дуќанџиите во ГТЦ со поддршка за проектот „Гранд“: Проектот „Гранд“ ќе го заживее ГТЦ

0
By Mirjana on December 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 3, 2021 13:55

Следејќи ги најновите случувања и реакции во јавноста во врска со најавеното отпочнување со изградба на комплексот „Гранд“ кој е предвиден да се гради на паркингот наспроти „Холидеј Ин“, во непосредна близина на Градскиот трговски центар, Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973 Скопје ја известува јавноста дека ја дава својата целосна поддршка за реализација на овој проект.

Силно го поздравуваме почетокот на градбата и веруваме дека овој проект ќе го заживее ГТЦ, кој е едно од главните обележја на градот Скопје. Цврсто застануваме зад овој проект бидејќи сметаме дека уредувањето на овој простор ќе му даде нов лик на центарот на градот, отворајќи нова фреквенција на движење за граѓаните.

Градскиот трговски центар од ден на ден сè повеќе го губи својот сјај и убедени сме дека отворањето на комплексот „Гранд“ во Скопје на овој со децении запуштен простор во срцето на градот, позитивно ќе влијае на работата на сите дуќани кои се дел од овој трговски центар, заради што бараме поддршка и соработка од сите граѓани.

Било какви опструкции од групи на граѓани, организации или институции, ќе бидат на штета не само на нас дуќанџиите од најстариот трговски центар, туку и на граѓаните на Скопје кои заслужуваат модернизирање на центарот на градот.

Воедно, ја поздравуваме и најавената соработка на инвеститорот со Град Скопје, Шумарскиот факултет и зелените организации во земјава за изготвување на решение и директна инвестиција за обновување на дел од Кеј 13 Ноември како и градење на предвидениот пешачки мост кој ќе го поврзе јавниот простор кај Дрводекор со ГТЦ и сметаме дека ваков потег дополнително ќе го заживее и осовремени просторот во близина на трговскиот центар, правејќи го модерно, атрактивно и урбано место за сите посетители.

Дуќанџиите од ГТЦ КОМПЛЕКС „ГРАНД“ поддршка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

ВЕСТИ May 14, 2026

 Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче:

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.