НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународен саем во Тирана: За прв пат заеднички настап на фирмите од регионот

0
By Ivana on December 5, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коморскиот инвестициски форум од 6-те земји на Западен Балкан (КИФ ЗБ6) организираше заедничко претставување на 30 мали и средни компании (МСП) од шесте земји на Западен Балкан (ЗБ6) на Меѓународниот саем во Тирана.

Во рамки на македонската делегација, претставниците на „Пекабеско“ АД Скопје, „ИМВ“ Битола, „Кораб Трница“, „Агро Вардарие“, „Биомарел Шитаке“ „Даути Комерц“ и „Центрофрута“, преку Б2Б средби, промоции, дегустации,ги презентираа своите производи и потенцијалите за продлабочуање на соработката на пазарите во останатите земји од Западен Балкан. Во присуство на амбасадорот на РС Македонија Н.Е. Данчо Марковски, претседателот Азески оствари разговори со бизнис делегацијата и околу можностите и програмите што ги нуди Коморскиот инвестициски форум за бизнис секторот.

По паузата минатата година, Меѓународниот саем во Тирана преставува добра можност за компаниите од регионот на ЗБ6 да ги презентираат своите производи, да ги зајакнат постојните и истражат нови можности за извоз, како и  да воспостават нови деловни односи со партнери од Албанија, останатите земји од Западен Балкан или пак други земји.

Меѓународниот саем во Тирана, како најважен саемски настан во Албанија и како еден од најважните настани од својот вид во Западен Балкан, со излагачи од повеќе земји, и просечна посетеност од 20.000 гости од издание.

Поголема конкурентност на Западен Балкан, наместо создавање на конкуренција помеѓу земјите, значи подобра соработка, стабилен и поатрактивен регион, поголеми можности за привлекување на инвестиции и овозможување на подобри работни места за сите наши граѓани. Заеднички треба да продолжиме да работиме во насока на уште подобра соработка на регионално ниво, да донесеме мерки со кои ќе ги унапредиме меѓусебните економски односи, а со тоа да дадеме сигнал за стабилен и сигурен регион, отворен за нови инвестиции и олеснување на сите трговски процеси.

Токму со поддршка од Коморскиот инвестициски форум, на овој саем за првпат се обезбеди заеднички штанд за компании од сиот регион, со делегација која брои 31 компанија од прехранбената индустрија и 6 водечки дистрибутери/синџири на супермаркети од шесте држави на Западен Балкан.

Гастрономијата и дружењето преку храна останува една од традиционалните форми на презентирање на Западен Балкан.

Во рамки на саемските активности Претседателот на Комората Бранко Азески заедно со господин Светозар Јаневски, член на бизнис советот на КИФ, остварија деловни средба со истакнатиот албански бизнисмен Васил Наци и најуспешните албански бизнисмени.

За компаниите учесници на саемот во организација на КИФ имаше организирано заедничко дружење (вечера).

Ваквите настани, на кои заеднички се презентираат производите и услугите на компаниите од нашиот регион, може да придонесат да се зацврсти и засили економската соработка во Западен Балкан, но и да се подигне конкурентноста на самиот регион, констатираа претседателот на Комората и копретседател на КИФ Азески во рамки на средбата и со Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на саемот во Тирана.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.