НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бени Гудман – Приспивна за Македонија

0
By Нова ТВ on June 5, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Aвтор: Михаил Мице Бошковски

Бени Гудман е славен американски џез музичар, кларинетист, композитор, аранжер, диригент и лидер на повеке биг бендови. Роден е на 30. 5. 1909 година во Чикаго како Бенџамин Гудман во скромно семејство на унгарски евреи кои емигрирале во Соединетите Американски Држави.

Со кларинетот се среќава на десет годишна возраст. По 5-6 години, како извонредно талентиран добива покана да му се придружи на оркестарот на Бен Полак, кој во тоа време се смета за лидер на еден од најдобрите биг бендови во Чикаго.

Бени Гудман бргу напредува, па така во почетокот на 30-тите години формира свој оркестар со пијанистот Флечер Хендерсон кој ги пишувал аранжманите. Овој оркестар е значаен по неколку битни работи за американската музика воопшто.

Прво, во него за првпат заедно свиреле и белци и црнци, што до тогаш такво нешто било незамисливо. Второ, со формирањето на овој биг бенд настанува новиот музички правец наречен „Свинг“. И трето, без појавата на овој оркестар не би постоела „Ерата на биг бендовите“ карактеристична за 30-тите години на минатиот век. Понатамошната кариера на Бени Гудман е чиста историја на американскиот џез.


Од кларинетот не се одвојува се до крајот на животот. Умира од срцеви проблеми на 13. 6. 1986 година. По смртта неговата приватна колекција на објавени и необјавени снимки ја презема угледниот американски универзитет Јејл кој располага со десетици милиони библиотечни единици на книги, списанија, носачи на звук и друго.

Е токму од таа колекција, по смртта на Бени Гудман се издадени повеќе дигитални изданија. На едно такво издание насловено како „The Yale University Music Library, Volume 1“, се наоѓа насловот „Macedonia Lullabay“, што всушност претставува обработка на македонската народна песна „Не си го продавај Кољо чифликот“.

Според сево ова, логично се поставува прашањето, како Бени Гудман успеал да дојде до еден ваков аранжман. Во штурите податоци за оваа снимка некаде може да се прочита името Gutesha, како еден од авторите. За поупатените загатка е јасна, бидејки се работи за Mладен Гутеша. Кој е Младен Гутеша?

Младен Гутеша, или познат и како Боби Гутеша, е роден во Сараево на 16. 12. 1923 година. Студирал музика во Белград, а по Втората светска војна, во почетокот на 50-тите го раководел биг бендот на Радио Белград, кој во тоа време се викал „Плесни оркестар“ (за да не звучи проамерикански), исто како што во почетокот на 60-тите кога е формиран биг бендот на Радио Скопје се викал, а и ден денеска се употребува терминот „Танцов оркестар“, иако по својата структура се работи за класични биг бендови.

Младен Гутеша бил сестран музичар. Свирел тромбон, компонирал, аранжирал и особено бил посветен на џезот. Често како инспирација за своите композиции користел мотиви од балканскиот фолклор. А како џезот не била омилена музика на југословенските комунисти, Гутеша емигрирал во Германија каде што одлично се снашол и соработувал со навистина врвни европски и американски музичари (Кит Џерет, Јан Гарбарек, Мајлс Дејвис, „Модерн џез квартет“ и други), и имал свој оркестар. Така дошла и соработката со Бени Гудман, кој снимил повеке негови аранжмани, а еден е токму темата „Macedonia Lullabay“ („Приспивна за Македонија“).

Дека имал посебен афинитет кон македонскиот фолклор говори и податокот дека во 1971 година издал албум со македонски песни и танци. Кај нашата публика посебно е позната и многу слушана темата што Гутеша ја нарекол „Македонска суита“, а всушност се работи за народната песна „Билјана платно белеше“ снимена со ревискиот оркестар на Радио Белград. Оваа тема се смета за една од најубавите обработки на една македонска народна песна, а слушателите ја препознаваат како долгогодишна најавна шпица на емисиите посветени за нашите сонародници во странство, а во поново време „Глас од татковината“ на Радио Билјана.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.