НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Низа активности по повод Меѓународниот ден на човековите права-за прв пат се доделува државната награда „Мето Јовановски“

0
By Mirjana on December 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод Меѓународниот ден на човековите права, Канцеларијата на Народниот правобранител, денеска преку ЗУМ платформата, организира конференција на тема „10. декември, Меѓународниот ден на човековите права – денот на сите граѓани“.

Конференцијата ќе ја отвори народниот правобранител, Насер Зибери, кој воедно и ќе го презентира неодамна изготвениот „Извештај од спроведената анализа за постапувањето на органите по барањата и другите интервенции на Народниот правобранител“.

Обраќање на тема „Човековите права како столб на демократијата“ ќе има Ерик Мејер, вршител на должност амбасадор на САД во Република Северна Македонија, а професорот Светомир Шкариќ ќе зборува на тема „Уставот и Народниот правобранител“.

На тема „Европскиот суд за човекови права како значајна алка во заштитата на правата на граѓаните. Колку и како помогаат постапките/предметите на Народниот правобранител во донесувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права?“ ќе зборува Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Врховниот суд, а за „Соработката со Народниот правобранител главна алка за почитување на човековите слободи и права“ ќе зборува проф. д-р Ана Павловска Данев од Правниот факултет „Јустинијан Први“ УКИМ. Проф. д-р Беса Арифи од Универзитет на Југо-Источна Европа (УЈИЕ) ќе се обрати на тема „Зошто е важно да се почитуваат препораките, мислењата иницијативите, укажувањата на Народниот правобранител?“, додека обраќање на тема „Што да се направи за подобрување на соработката на релација Народен правобранител-институции“, ќе има проф. д-р Јасмина Димитриева од Државниот Универзитет „Гоце Делчев“ Штип (УГД). Проф. д-р Јусуф Зејнели од Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ) ќе зборува за улогата на администрација во процесот на заштита и спроведување на човековите права.

Во рамки на конференцијата планирана е и дебата во која ќе се вклучат главниот и одговорен уредник на „Фокус“, Гордана Дувњак и новинарот од МИА, Омер Џафери, како и студенти од УКИМ, УЈИЕ, УДГ, ДУТ.

Како дел од активностите поврзани со меѓународниот ден на човековите права, во Собранието на Северна Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „Мето Јовановски“.

Станува збор за  највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Како што соопштија од Одборот за доделување на наградата, главни добитници годинава се свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски.

Меѓународен ден на човековите права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.