НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хилари Клинтон: Саркози е уште позабавен во приватниот живот!

0
By Нова ТВ on June 10, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хилари Клинтон очигледно се подготвува да биде претседателски кандидат, велат првите читатели на нејзината книга излезена деновиве во САД под наслов “Тежок избор”.

Во неа Клинтон ги раскажува деновите на нејзиниот ангажман како министер за надворешни работи на САД од 2008 до 2013 година. Но со многу детали таа раскажува впечатоци од средбите со државниците со кои работела. Во текот на нејзиниот ангажман таа патувала во 112 земји.

Така, Никола Саркози е џентлмен и обожува да ја раскажува приказни за своите колеги од други земји, Ангела Меркел ја носи цела Европа на рамо а Владимир Путин е студен како мраз.

“Најголемиот број државници се мирни и во работата но и во приватниот живот. Но не и Саркози. Во приватните разговори тој е уште потеатрален и позабавен”, пишува Клинтон. Тој раскажува афери за неговите колеги и ги опишува со многу ноншалатност. За некои велел дека “се луди или инвалиди, еден од нив бил “луд дрогираш”, друг имал армија која не знаела да се бори а трет бил потомок на стара фамилија насилници”, вели Клинтон но додава дека секогаш, и покрај својата веселост, бил џентлмен.

Опис има и за Меркел. Таа има темперамент кој е сосема спротивен на тој на Саркози. Клинтон ја покажува својата воодушевеност од оваа жена која е “одлучна, снаодлива, директна. (…) Не можете да не бидете воодушевени од нејзината железна одлучност. Како што реков во 2012 година, таа ја носи целата тежина на Европа на своите рамења”.

Во книгата Клинтон зборува и за непријателите на САД како Иранецот Махмуд Ахмадинеџат кој е “воинствен петел кој парадира на меѓународната сцена”.

А Путин “иритира и е автократ”, повеќе заинтересиран за заштитата на тигрите во Сибир отколку на меѓународните трговски преговори. Во книгата Клинтон раскажува една анегдота: Путин и доверил една многу лична приказна на Клинтон. По Втората светска војна таткото на Путин се вратил од фронт и кај себе нашол брдо лешеви од каде што ја извлекол својата сопруга и ја реанимирал. “За мене оваа приказна дава впечаток за тоа каков станал човекот Путин и за земјата која ја води”, вели Клинтон.

Книгата е полна со детали и многу фотографии. Во неа можат да се прочитаат кулисите на разбрануваните преговори помеѓу Саркози и партнерите од НАТО пред почетокот на воената интервенција во Либија во 2011 година. Според неа, францускиот претседател сакал да интервенира за да и даде нов имиџ на Франција по проблемите во туниската револуција и со тоа предизвикал лутина кај сојузниците кога им најавил дека француските авиони се на пат кон Либија. “Тоа предизвика вистинска бура”, вели таа.

Во книгата нема детали за балканските лидери ниту пак од единствената средба во 2011 година со Груевски во Вашингтон која не беше официјална туку работна.

За својата претседателска кандидатура таа вели дека нема да се изјасни се до 2015 година поради тоа што сака да помогне за парламентарните избори на есен а потоа планира да се одмори и да ги анализира своите лоши и добри потези.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.