НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски во посета на Косово: Подготвени сме да придонесуваме за инфраструктурно развиен и економски просперитетен регион

0
By НОВА ТВ Balaban on December 15, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се разбира, со претседателката на Косово, разговаравме и за дијалогот Приштина – Белград. Сите сме свесни дека ова е еден многу тежок и компликуван процес, но верувам дека сите луѓе со добра волја во регионот и пошироко, ќе го поддржат решавањето на спорот, кој на крајот ќе значи иреверзибилна пацификација на регионот, рече Пендаровски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска на плоштадот „Ибрахим Ругова“ во Приштина, на официјална церемонија со државни и воени почести беше пречекан од претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу.

Во рамки на официјалната посета, претседателот Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателката Османи-Садриу, беше одржан пленарен состанок на македонската и косовската делегација, по што двајцата претседатели одржаа заедничка прес-конференција.

Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на претседателот Пендаровски:

„Дозволете најпрво да се заблагодарам за поканата и за гостопримството кое денеска ми го укажa претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Северна Македонија и Република Косово, како директни соседи природно се упатени да соработуваат меѓу себе. Овој факт е препознаен од сите политички фактори во двете држави, а, јас во текот на разговорите ја истакнав и мојата подготвеност да го интензивираме дијалогот и на највисоко политичко ниво.

Денес, со претседателката Османи имавме искрен и конструктивен дијалог. Станува збор за две пријателски земји, посветени на искористување на можностите за зајакнување на билатералната соработка во сите области. Северна Македонија и Косово се и важни трговски партнери. Неодамна се одржа првата заедничка седница на владите на двете земји, во Скопје, при што беа потпишани 11 билатерални договори. Очекувам нивната реализација да значи унапредување на економските врски и конкретна придобивка во интерес на нашите граѓани.

Во однос на надворешната политика, споделуваме заеднички стратешки цели. Северна Македонија ги поддржува евро-атлантските аспирации на Косово и во тој контекст стоиме на располагање да ги пренесеме нашите искуства, како на патот кон ЕУ, така и во однос на аспирациите за интегрирање во НАТО Алијансата. Членството во овие две организации значи натамошна стабилизација и просперитет за регионот.

Исклучително важна компонента на овој пат е регионалната соработка. Подготвени сме да продолжиме активно да придонесуваме со цел да имаме инфраструктурно развиен и економски просперитетен регион, и во таа смисла го поддржуваме пристапувањето на Косово кон постојните регионални иницијативи и форуми.

Се разбира, со претседателката на Косово, разговаравме и за дијалогот Приштина – Белград. Сите сме свесни дека ова е еден многу тежок и компликуван процес, но верувам дека сите луѓе со добра волја во регионот и пошироко, ќе го поддржат решавањето на спорот, кој на крајот ќе значи иреверзибилна пацификација на регионот.

Дозволете ми во оваа прилика да го реафирмирам нашиот став, а тоа e дека Северна Македонија поддржува заемно прифатливо решение меѓу Белград и Приштина, со потенцијал да придонесе кон регионалната стабилност и кое нема да ја загрози безбедноста на соседните држави. Во таа насока, го поздравуваме и постигнатиот договор за деескалација на тензиите во северно Косово постигнат со посредство на Европската Унија.

Во овој контекст сакам да констатирам дека дијалогот е единствениот механизам преку кој по распадот на поранешна Југославија земјите од регионот успеале да постигнат напредок на многу полиња. Затоа, како држава ги поддржуваме напорите на нашите европски и американски сојузници насочени кон изнаоѓање решенија за отворените прашања.

На крајот, но не помалку важно, разговаравме и за можностите за унапредување на правата на етничките Македонци кои живеат на Косово. Со цел зближување на нашите граѓани и јакнење на прекуграничната соработка беа разгледани и можностите за отворање на нови гранични премини“.

 

Вјоса Османи Косово Пендаровски посета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.